Европа
Англиканската црква ја именуваше првата жена бискуп
Англиканската црква ја именуваше првата во својата историја жена бискуп во средата со што ја прекина вековната традиција во оваа црква којашто останува поделена по ова прашање.
Пречесната Либи Лејн, на 48 години, е именувана за бискупка на Стокпорт, во северна Англија. Британскиот премиер Дејвид Камерон и’ честиташе на Twitter нарекувајќи го овој чин „историско именување и дена важен за еднаквоста“.
Со амандманот наречен Канон 33, се одредува дека „на маж или на жена може да им се предаде должноста на бискуп“. Жените во Англиканската црква вршеа богослужби како свештеници од 1994 година.
„Да се биде денес тука, претставува неочекувана радост. Тоа е посебен ден за мене и историски ден за Црквата. Утрово сум свесна за безброј жени и мажи кои со децении го времето кога Англиканската црква ќе ја именува првата жена бискуп“, изјави Лејн, пренесува BBC.
По долгите и вжештени расправи, Генералниот синод на англиската Англиканска црква во ноември дефинитивно ја одобри историската реформа во полза на именувањето на жени на бискупските должности. Синодот официјално ги прифати реформите коишто во јули 2014 година ги изгласаа трите собора на претставниците – на бискупите, на свештенството и на лаиците, по повеќе од една деценија поделба во оваа црква по прашањето.
На гласањето во 2012 години сличниот предлог беше отфрлен со тесно мнозинство, благодарејќи на противењето на традиционалистичките лаички припадници на Англиканската црква. Тогаш беше потребно овој предлог закон со двотретинско мнозинство да мине на трите нивоа, во Соборот на бискупите, во Соборот на свештениците, како и во Соборот на лаиците. Во двата свештенички собора беше убедливо прифатен, но 132 лаика беа „за“ а 74 „против“, што не беше доволно жените да можат да станат бискупи на Англиканската црква. Само шест конзервативни евангелисти и традиционалисти англо-католици меѓу лаиците во Генералниот синод го урнаа целиот предлог за кој веќе со години се залагаше и надбискупот од Кантербери, Роуан Вилијамс кој наскоро потоа замина во пензија.
Жените веќе станаа бискупи во Австралија, Нов Зеланд, Канада и САД, меѓутоа Англиканската црква, матичната црква за околу 80 милиони англиканци низ светот, не успеваше досега да ги помири реформистите и традиционалистите по прашањето дали тоа треба да им биде овозможено и на жените во Велика Британија.
Англиканската црква досега ја напуштија педесетина бискупи кои ја прифатија поканата на поранешниот римокатолички папа Бенедикт Шеснаесетти да минат во Римокатоличката црква. На идејата за женско свештенство силно се спротиставуваат многу англикански заедници, особено во земјите во развој.
Прашањето на именувањето жени за бискупи отвори внатрешен раскол во Англиканската црква од 1992 година кога Генералниот синод го одобри именувањето свештенички. Од една страна беа реформистите коишто сакаа да создадат помодерен имиџ за нивната црква која се соочува со сé поголемо напуштање од своите верници во сé поизразено секуларното општество, додека од друга страна се најдоа конзервативците кои тврдат дека жените бискупи е спротивно од учењето во Библијата/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русинка му се заканува на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала музиката што ја пуштал
Во инцидент снимен од камерата во такси-возилото Русинка му се заканувала на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала денс-музиката на радиото.
Снимката, која стана вирална, ја покажува жената како ладнокрвно вади оружје и бара промена во музичкиот жанр, објавува „Фри прес журнал“.
Видеото ја покажува патничката, која изгледа дека е во своите 50-ти години, како мирно седи на задното седиште пред да извади голема мачета од чантата. Потоа го турнала оружјето меѓу предните седишта кон преплашениот возач барајќи да пушта балади.
😳 In Russia’s Samara region, a taxi passenger threatened the driver with a machete — demanding he play shanson
A taxi ride in the Samara region nearly turned into a bloody scene after a passenger pulled out a machete and began threatening the driver, insisting he change the… pic.twitter.com/WwMM7vnTNY
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2025
„Не ми се допаѓа ваков вид музика“, му рекла таа на преплашениот возач, кој се стреснал и се повлекол. „Разбирам, разбирам. Ќе ја исклучам“, одговара тој. „Кога ќе ја вклучиш мојата омилена балада, ќе ја тргнам мачетата“, додала жената.
Возачот, во паника, застанал покрај патот со рацете во воздухот и бргу пронашол соодветна радиостаница. Дури тогаш патничката го спуштила оружјето. Инцидентот наводно се случил во рускиот град Самара, а возачот наводно подоцна ја оставил жената на локалните гробишта.
Вознемирувачката снимка стана вирална, па полицијата во Самара почна потрага по неидентификуваната жена. Иако возачот не поднел официјален извештај, службениците од полициската станица Смишљаевка потврдија дека го истражуваат случајот поради високиот јавен интерес.
фото: принтскрин
Европа
Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугија во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.
Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се утврди, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.
Злосторството е откриено откога таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.
Тој се јавил во полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугија, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.
фото: принтскрин
Европа
Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс
Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор (SMR), додека продолжува со плановите за проширување на нуклеарната инфраструктура на земјата.
Владата во јуни објави дека ќе потроши 2,5 милијарди фунти (2,8 милијарди евра) за SMR, кои се поевтини и побрзи за изградба од големите нуклеарни централи, во обид да ја зголеми енергетската безбедност и да помогне во исполнувањето на климатските цели.
Одлуката на Велика Британија да го избере Вилфа на Англеси, остров во северен Велс, како локација за својата прва SMR централа беше критикувана од американскиот амбасадор во невообичаено силна изјава пред објавувањето.
Соединетите Американски Држави се залагаа за голем проект во Вилфа, дом на стара нуклеарна централа која беше затворена во 2015 година.
Британската влада изјави дека проширувањето на нуклеарната програма би можело да вклучува изградба на нова голема електрана, додавајќи дека ѝ задала задача на државната компанија GB Energy-Nuclear да пронајде соодветна локација за голема електрана до есента 2026 година.
Во јуни, владата го избра дизајнот на Rolls-Royce за малите реактори. Новите мини-реактори таму ќе снабдуваат еквивалент на три милиони домови и ќе поддржат до 3.000 работни места во локалната заедница за време на изградбата, со планови за поврзување со мрежата во 2030-тите.
Во моментов во изградба се две големи нуклеарни централи во Велика Британија, една во Хинкли Поинт во западна Англија и една во Сајзвел во источна Англија.
фото: принтскрин

