Надворешна политика
Ахмети ја поздрави идејата на Хан за вклучување на Брисел во процесите
Претседателот Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети ја поздрави идејата на еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, Брисел директно да се вклучи во процесите во земјата, соопштија од најголемата партија на Албанците во Македонија по средбата во седиштето на Европската унија во Скопје.
Првата средба меѓу еврокомесарот Хан и Ахмети била фокусирана „на политички случувања во Македонија, големата афера со прислушувањето“, како и со решавањето на спорот со името со Грција и евроатлантските интеграции на земјата.
„Ахмети ја поздрави идејата на Хан за вклучување на властите од Брисел во надминување на оваа мошне тешка ситуација, која е во согласност со барањето на ДУИ за директна вклученост на Брисел за да се обезбеди објективност и интегритет на процесот“, се истакнува во соопштението на партијата која е дел од владината коалиција.
Челникот на ДУИ, притоа, потенцирал дека партијата го поддржува процесот на обновување и интензивирање на политичкиот дијалог, што претходно го апострофираше еврокомесарот во средбата со македонскиот државен врв, како и со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и ги „повикува страните да го решат тоа прашање на транспарентен начин и со внимателност кон заедничкото добро на земјата“.
Ахмети, исто така, ја поздравил и подготвеноста на еврокомесарот Хан да разговара со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името со Грција, Метју Нимиц, „за изнаоѓање решение за името“, констатирајќи дека актуелната ситуација е „неприфатлива“.
„Фокусот на евроталантската агенда не смее да се одложи и заедно со меѓународната заедница сите сили треба да се насочат кон решавањето на прашањето со името, членството во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, рече по средбата Ахмети.
Истовремено му порачал на еврокомесарот Хан дека ДУИ е партнер на сите локални и меѓународни напори, дејствувајќи во согласност со интересите и очекувањата на граѓаните./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.