Скопје
Испумпана водата од половина од поплавените куќи во Стајковци
Околу 50-60 отсто од поплавените домови во Стајковци се исчистени, тврди министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој е координатор на Оперативниот штаб на ова населено место.
„Во поплавените подрачја на санирање на штетите ќе се работи подолг период. Педесет проценти од домовите се исчистени. Процесот на санирање на штетите и вадење на водата од куќите е речиси надминат, а останати се уште неколку улици на кои армијата заедно со работниците од сите инситуции работат на повлекување на водата со пумпи“, изјави Спасов.Целта, вели Спасов, е оваа недела да се надмине проблемот со затрупаните дворови, со затрупаните улици, да се заврши дезинфекција и да се помогне на граѓаните да се создадат основни услови за живот.Во среда е воспоставен посебен оперативен штаб и оти заедно со Армијата, полицијата и голем број работници испратени од институциите и компаниите е постигнат голем напредок.„Стајковци брои околу 1.050 куќи и над 5.000 населени од кои над 70 проценти од куќите беа зафатени во голем дел од поплавите. Оние куќи кои имаат само приземје се целосно поплавени, без услови за живеење, оние кои се на кат приземјето им е поплавено со услови за престој само на првиот или вториот кат. Огромен број на куќи беа погодени од поплавите. Мора да го сфатиме обемот на катастрофата која што се случи во скопско. Метеоролозите велат дека ваква поплава се нема случено во изминатите 1.000 години. Огромен број поплавени куќи, многу наврнат дожд. Ако земеме во предвид дека Стајковци се наоѓа по планинско-ридски простор може да претпоставиме колкава маса на вода се има спуштено во куќите во ова густо населено место“, вели Спасов.Tој оцени дека состојбата од ден на ден се подобрува, а денеска има огромен напредок.„Од ден на ден ситуацијата се подобрува. Во моментов имаме околу 1.000 работници кои се распределени по најкритичните места, кои го расчистуваат шутот, ја вадат водата од дворовите. Денес останат е мал број на куќи од кои е останато да се испумпа водата. По процесот на целосно испумпување на водата од домови и дворовите, кој е при крај, следува вадење на калта што ќе се одвива во неколку фази“, појасни Спасов.Во соработка со Црвениот крст во текот на денот ќе бидат дистрибуирани околу 7.000 оброци./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

