Контакт

Книги

„Спакувај го твојот број“ на летен саем на книга во „Aнтолог“

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со особено задоволство го најавува вториот Летен саем на книгата, кој ќе почне на 10 јуни 2016 година, а ќе трае цело лето.
 

dobivaj vesti na viber

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со особено задоволство го најавува вториот Летен саем на книгата, кој ќе почне на 10 јуни 2016 година, а ќе трае цело лето.

 

Под мотото „Спакувај го твојот број и уживај во патувањето“, во рамките на саемот со попусти од 1о отсто до 70 отсто ќе бидат опфатени над 100 наслови од богатата книжевна продукција на издавачката куќа „Антолог“. На летен попуст ќе биде и книгата на летото – „Трач“ од бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“, Елин Хилдербранд, која ќе се продава по специјална намалена цена од 350 денари. „Покрај големите попусти, оваа година подготвивме и неколку пакети книги за на плажа со различна ‘величина’ т.е. број на книги и различен стил за да овозможиме поголем избор за сите вкусови и можности. За секој летен пакет книги подаруваме и една убава торба за на плажа. Секако, и оваа година во рамките на Летниот саем ќе организираме гостувања на автори и многу други изненадувања за нашите драги читатели“, велат од „Антолог“. А за поголемо уживање во летниот одмор, љубителите на убавата литература може да спакуваат во куферите некој од следните пакети: Пакетот S ги содржи книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Николски“ од Никола Дикнер и „Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна со намалување од 1100 на 700 денари. Во пакетот M се вклучени книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Петте годишни времиња на љубовта“ од Жоао Алмино, „Лебедот“ од Гудбергур Бренсон и „Песните на кои не ме научи мајка ми“ од Селчук Алтун со намалување од 1050 на 800 денари. Пакетот L ги содржи книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Макунаима“ од Марио де Андраде, „Елиза на единаесет години“ од Дојна Рушти и „Како да заборавиш жена“ од Дан Лунгу, намалени од 1150 на 900 денари. За вистинските вљубеници во книгата тука е пакетот XL со книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Од устата на китот“ од Сјон, „Челик“ од Силвија Авалоне и „Растењето на Лулу“ од Алмудена Грандес, со намалување од 1250 на 1000 денари. Секој купувач на кој било од летните пакети ќе добие подарок – торба за на плажа. Летните саемски попусти и понуди на „Антолог“ ќе важат во текот на целото лето во Книжевниот центар „Антолог“ на ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1, на штандот на „Антолог“ на Летниот саем на книга во „Сити мол“ од 15 до 21 јуни, како и онлајн на „Купи книга“./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија5 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија7 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија8 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија8 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија11 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија11 часа

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија11 часа

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија13 часа

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија14 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион16 часа

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...

Македонија16 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Чучер-Сандево е целосно изгаснат, денеска фокусот ќе биде гасењето на пожарот во Дојранско

Рано утрово пожарот кој три дена гореше во атарот на општина Чучер-Сандево е целосно изгаснат. Сè уште се гледа чадење...

Свет18 часа

(Видео) Пентагон ги запре испораките на оружје за Украина, Трамп не знаеше: „Беше затекнат“

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата недела не ја известил Белата куќа дека планира да ги запре испораките...

Свет18 часа

(Видео) Трамп на тајна снимка: Му реков на Путин дека ќе ја бомбардирам Москва ако ја нападне Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите собрани на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на...

Свет18 часа

Министерот на Трамп: Собравме 100 милијарди долари од царини

Министерот за финансии, Скот Бесент, изјави дека САД досега собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини оваа година, а...

Свет19 часа

Француски разузнавач: Никој не можеше да направи совршена процена на ситуацијата во Иран

Состојбата на иранската програма по израелските и американските напади во јуни беше предмет на бројни прашања, а шефот на француската...

Македонија19 часа

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до...

Македонија1 ден

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на...