Црна хроника
Фатен крадец кој ги ограбувал таксистите во Скопје
Фатен дваесет и осумгодишен прилепчанец кој од март до декември годинава ограбувал таксисти во Скопје и украл вкупно 14.000 денари.
Крадецот во периодот од крајот на месец март до 17-ти овој месец сторил четири кривични дела „разбојништво“ во кои објект на напад му биле таксисти со кои се возел на релација населба Гази Баба – Бутел – Радишани, при што откако ќе бил донесен до посочената адреса, со закани по животот и сигурноста на таксистите, во два случаи со употреба на нож, во еден случај со употреба на огнено оружје и во еден случај со употреба на физичка сила во што му помогнале две засега непознати мажи, се стекнал со противправна имотна корист од околу 11.000 денари.Кривичното дело „тешка кражба на особено дрзок начин“ го извршил на 17-ти овој месец, исто така над таксист, кога побарал превоз од хотел лоциран на булеварот „Партизански одреди“ до казино на Бит пазар и кога стигнале на посочената локација пријавениот побарал од таксистот да му позајми 900 денари и да го причека пред казиното по што ќе продолжи со превозот. За кусо време се вратил и побарал да продолжат кон населба Автокоманда и побарал уште 2.100 денари, со ветување дека кога ќе го однесе на посочената адреса ќе му врати 50 евра.Кога стигнале на улицата „Ташко Караџа“, крадецот излегол од возилото и се упатил кон еден од влезовите на зградата, по што таксистот се посомневал дека ќе биде измамен и тргнал по него. Во моментот кога пријавениот го видел таксистот, почнал да му се заканува дека ќе извади нож и ќе го прободе, по што се дал во бегство, при што бил стигнат од таксистот, но бегалецот со удар со рака во пределот навратот го совладал.Пријавениот се сокрил во една од околните згради, а нападнатиот таксист телефонски го пријавил случајот во Центарот за информирање и команда на СВР Скопје, по што за кратко време пристигнале припадниците на полициската единица „Алфа“, кои го пронашле и го привеле крадецот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје
Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош
Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден
Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.

