Црна хроника
Откриен бункер со злато и монети во турски автобус

При контрола на турски автобус извршена во близина на наплатната станица кај Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со златен накит и монети. Автобусот сообраќал на редовна линија Истанбул – Гостивар, а влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.
Заради немање соодветни услови за спроведување на детален преглед, автобусот со царинска придружба е препратен во царинската испостава Скопје 4 кадешто е извршено детално пребарување. Притоа, во багажниот простор на автобусот, во средината помеѓу предните тркала е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 20 опаковки – најлонски кеси обвиткани со селотејп трака. Во нив се најдени 463 парчиња златен накит (алки, привезоци, ланчиња), 265 пара златни обетки и 40 златни монети. Вкупната тежина на пронајденото злато е 2,7 кг.Македонски државјанин од Тетово кој во автобусот вршел должност на водич, изјавил дека златото е негово.Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење” до надлежното јавно обвинителство.Ова е втор спречен обид за шверц на злато овој месец. На сличен начин, на 18 ноември, во турски автобус беа пронајдени 1,5 кг злато. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.