Црна хроника
Албанец крадел во струшко, со крадени возила бегал
Поради постоење основи на сомнение за сторени девет казнени дела од кои четири „тешка кражба“ и пет „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П.(23) од Либражд, Албанија.
Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јули, октомври и ноември оваа година во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица, Велешта, Радолишта и Заграчани.А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел два плазма телевизори, а со кршење на стакло од излог, од продавница во Радолишта одзел цигари и пари. Тешката кражба во авто-сервисот во Велешта ја извршил користејќи талпа при што се искачил до отворениот прозор и одзел авто делови.Пријавениот, во селото Заграчани извршил тешка кражба на патничко моторно возило. Тој, од двор од куќа го одзел возилото откако забележал дека било оставено незаклучено со клучевите на бравата по што, во шумскиот појас на македонско-албанската граница ги одзел гумите и бандажите а возилото го оставил. А.П и другите патнички возила ги одземал на ист начин по што се превезувал во близина на граничниот премин „Ќафасан“, ги оставал возилата и илегално ја преминувал македонско-албанската граница./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.