Црна хроника
Загина уште еден мигрант во железничка несреќа

Загина уште еден имигрант во железничка несреќа во Македонија.
Телото на имигрантот било најдени во неделата во 11 часот на излезот од Демир Капија кон Неготино. Најдени се документи за идентификација и констатирано е дека се работи за 24-годишен државјанин на Сирија.Полицијата истражува како се случила железничката несреќа. Досега загинаа десет мигранти во железнички несреќи главно на пругата Гевгелија-Скопје./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца скопјани најдени починати во своите домови, телата на обдукција

Педесет и двегодишен маж и 77-годишна жена во текот на вчерашниот ден биле најдени починати во своите домови во Карпош и Кисела Вода.
За првиот случај, МВР соопшти дека вчера на пладне во домот во Каропош пронајден е И П.(52) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Околу осум часа подоцна, во домот во Кисел Вода, најдена е почината К.Ч.(77) од Скопје која живеела како потстанар. И кај неа, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.
Топ
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга.
Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.
„Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош“, соопшти Обвинителството.
Се бара протвор за осомничениот.
Црна хроника
Затвореничка побегнала од Идризово, па била најдена во Гевгелија

Полицијата синоќа ја приведе Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија.
Според информацијата од МВР, таа била барана по потерница поради бегство од Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за разбојништво, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.
Вратена е во затворот за доиздржување на казната.