Компании
ВВ „Тиквеш“ промовираше три нови вина
Винарската визба „Тиквеш“ пред македонските љубители на виното ги претставува трите новитeта од линијата на вина „Special Selection“ – Cabernet Franc и две вина кои се дел од екстензијата на линијата „Special Selection“ т.н. Oak Edition и тоа Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition.
Cabernet Franc Special Selection 2015 e ново црвено вино создаденo од сорта грозје која својата популарност ја стекнала како една од основните сорти за производство на вината во францускиот вински регион Бордо, а во последниве децении е меѓу најзастапените вински сорти во светот. Дополнителна потврда за квалитетот е што во март годинава, 4 месеци пред неговото официјално претставување на пазарот, Cabernet Franc Special Selection доби златен медал на еден од најпрестижните светски натпревари за вино „Mundus Vini“ во Германија. Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition 2015, пак, се вина од една нова едиција во линијата „Special Selection“, која ги следи современите светски трендови и преференци на љубителите на виното, и според технологијата на производство, и по својот префинет вкус, визуелниот имиџ и модерната амбалажа. Вината зреат во француски дабови бочви од 8.000 литри и тоа 6 месеци Chardonnay Oak Edition, односно 12 месеци Cabernet & Merlot Oak Edition, добивајќи дополнителна комплексност на богати вкусови, кои придонесуваат за целосно ново винско искуство. Стелвин затворачите, кои се тренд кај вината од „новиот свет“, овозможуваат вкусот на виното долго да остане непроменет, заштитувајќи го од оксидација и од други влијанија на надворешната средина.„Секогаш кога претставуваме нов производ возбудата е голема. И овојпат сме особено горди што повторно успеваме на потрошувачите да им понудиме нешто поинакво, но и да ги претставиме можностите што во однос на технологијата на производство и експертизата на енолошкиот тим ги поседува винарската визба „Тиквеш“. Овие три вина се израз на нашите цели за континуирани иновации, приближување на светските трендови и креирање нови вкусови за домашните потрошувачи. Затоа веруваме дека љубителите на вино ќе уживаат во овие три новитета во нашето портфолио“, вели генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

