Европа
Ренци ја критикувал Германија на самитот на ЕУ
Италијанскиот премиер Матео Ренци отворено во петокот на самитот на Европската унија во Брисел ги критикувал германските политики во однос на банкарството, енергетиката, миграциите и Грција.
„Прикажувањето на Германија како спасител на европската економија не е нешто со што сите се согласуваат“, изјавил италијанскиот премиер Матео Ренци, пренесе Reuters.Ренци притоа изразил загриженост поради продажбата на 14 грчки регионални аеродроми на германскиот оператор „Fraport“, што е првата голема приватизација во која тргна владата на грчкиот премиер.Под притисокот на италијанската влада поради спасувањето на четирите мали банки, при што илјадници италијански мали инвеститори останаа без банкарските влогови, Ренци исто така го критикувал и германскиот финансиски систем.„Здравјето на италијанските банки денеска е подобро отколку здравјето на германските банки, не само затоа што ‘Intesa San Paolo’, најголемата банка во Италија, има двојно поголема капитализација од ’Deutsche Bank’, најголемата германска банка, туку и поради германските регионални банки, кои не се под надзорот на Европската централна банка (ECB), поради што, да бев Германец ќе бев многу загрижен“, истакнал италијанскиот премиер.Инаку пазарната капитализација на „Intesa San Paolo“ изнесува 52,2 милијарди евра, и е за 1,7 пати поголема од на „Deutsche Bank“.Критиките на Ренци се поврзани со планираното воведување нов европски систем за осигурување на штедните депозити, на што Германија се спротиставува бидејќи премногу би ги чинело нејзините банки.Германската канцеларка Ангела Меркле на самитот во Брисел го блокираше усвојувањето на заедничката изјава дека за тоа прашање брзо ќе се постигне напредок. „Нормално е одвреме навреме да има различни мислења, ова не е првпат“, рече.Кога станува збор за миграциите, Рим е предмет на критики поради тоа што не ги регистрирал сите имигранти кои пристигнале од северна Африка, пропуштајќи ги натаму во Европската унија.„ЕУ е таа којашто не ги почитува правилата, а не Италија“, возвратил Ренци. Истакнал дека Италија сега зема отпечатоци од прсти на повеќето имигранти, додека европскиот план да ѝ се помогне на неговата земја и да се префрлат азилантите во Германија и во другите европски земји во кои сакаат да заминат засега се покажа неуспешен.Ренци, исто така, ги нападнал и плановите на Берлин за удвојување на капацитетите на рускиот гасовод Северен ток – 2, со што уште повеќе руски гас би се довезувал директно во Германија.„Остана непријатното чувство, бидејќи минатата година беше блокиран Јужен тел (во кој беше вклучена во Италија) , а сега се појави планот да ги удвојат капацитетите за Северен ток, без никаква расправа. Затоа барав дискусија“, рекол Ренци./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

