Контакт

Скопје

Ревија на народни носии од скопскиот регион

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во средата ја отвори манифестацијата „Ревија на народни носии од Скопскиот регион”, што се одржа  на Факултетот за ликовна уметност во Сули Ан, а ја организираше  Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Здружението на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Посебно чест и задоволство ми е да ја отворам оваа ревија на народни носии од скопскиот регион, која првпат годинава се одржува во нашиот град. Секторот за локален економски развој ја организира оваа манифестација во соработка со Здружение на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје, проект кој произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот на Град Скопје за 2016 година. Токму вие ракотворците чуварите на традицијата, сте сведоци кои преку своите дела преку своите вешти раце го раскажувате минатото, историјата и сте најдобриот запис за постоење на цивилизација на овие простори. Делата на ракотворците говорат за уметноста, способноста, за уметничката дарба, за креативноста, за духот на нашиот народ, говорат за нашето постоење, култура и традиција. Нивните дела се записи, сведоци на минатото на нашиот народ, и нивното дрво, глина, конец, кожа, игла, бакар, раскажуваат за богатата култура на сите народи од овој простор кои опстојувале со векови. Посебно ме радува што оваа Манифестација, поткрепена со Изложбата, се одржува во периодот на јубилејот 25 години, независност во Слободна Република Македонија“, рече скопскиот градоначалник Коца Трајановски.

Скопските власти со ова го продолжуваат трендот на развој на старите занаети и поттикнување на развојот на домашното ракотворење преку презентација на нашето богатство, културно наследство и традиција на автентични носии пред граѓаните на град Скопје и туристите, бидејќи токму ракотворците говорат преку своите дела како се чува, како се негува, како се раскажува минатото кое е корен на секој народ.

„Основните цели на оваа манифестација се: откривање, чување, заштита и презентирање на богатото народно творештво, изразено преку народни носии и везот, негувано низ вековите и во различни општествено-економски и политички услови во кои живеел и творел македонскиот народ, а со него заедно и народностите, изразувајќи ја својата самобитност и творечка уметност што го определува националното значење и карактер на самата манифестација“, посочи во своето обраќање градоначалникот Трајановски.

Овој настан се организира со цел, исто така, да се популаризираат народните носии од Скопскиот регион, кои изобилуваат со оригиналност и реткост, да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на ракотворците. Воедно, целта на одржување на настанот е и зголемување на продажбата на занаетчиските производи и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на град Скопје.

Во рамките на манифестацијата во средата се одржува изложба на народни носии и сувенири во дворот на ФЛУ (Сули Ан-Стара Скопска Чаршија), како и концерт на учесници на КУД во Домот на АРМ, а во вторникот во Музејот на Македонија се одржа трибина на тема: Народната носија од Скопскиот регион на која свои излагања имаа Достана Караѓозоска Станковска, Горданче Видиниќ етнолог кустос-советник и Нада Андоновска од Музејот на Македонија.

Здружението на уметници ракотворци АРТИ КРАФТ Скопје на Градоначалникот Коце Трајановски му додели благодарница за поддршката којашто ја дава за зачувување на старите занаети и народното творештво, а благодарници добија и Слободан Ќосев и Билјана Стојмановска од Секторот за локален економски развој на Град Скопје./крај/мф/ст

Извор: Макфакс

Македонија

Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.

dobivaj vesti na viber

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.

Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија4 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија20 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ24 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија1 ден

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет1 ден

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 ден

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....