Контакт

Европа

Новата стратегија на IS е терористички напади во Европа

Објавено пред

Џихадистичката терористичка организација Исламска држава (IS) ја менува стратегијата, и во моментов ги повикува екстремистите од Европа да изведуваат терористички напади во своите земји наместо да војуваат во Сирија и во Ирак, објави во вторникот британската телевизија Sky News која спровела сопствено истражување чии резултати им се предадени на британските власти.

dobivaj vesti na viber

Телевизијата успеала со помош на креирани лажни интернет акаунти и прикриена активности на новинар фриленсер да контактира со исламистите и да добие информации за новата терористичка стратегија на Исламската држава.

Така, било откриено дека најмалку четворица исламски милитанти од Велика Британија, коишто минале борбена обука во камповите на Исламската држава во Сирија, се вратиле во Обединетото Кралство, за таму да извршуваат подготовки за терористички напади.

Според резултатите од истражувањето, оваа екстремна сунитска терористичка група од скоро ги повикува своите британски следбеници да помогнат во извршување на терористички акти против своите сограѓани, наместо да заминуваат да војуваат во Сирија. Со текот на времето, како што наводно се надеваат челниците на Исламската држава, во Велика Британија ќе се создаде комплетна терористичка организација којашто ќе биде активна на подолг временски период.

Покрај тоа, телевизијата открила дека меѓу водачите на Исламската држава нема британски државјани. Но специјално за ширењето на информациите преку интернет и за привлекување нови борци на организацијата бил одговорен извесен Џунаид Хусеин, 21-годишен хакер од британски Бирмингем. Хусеин, кој дејствувал од Сирија, влегувал во првата петорка на лица од Исламската држава по коишто трагаат разузнавачките служби на САД за нивна ликвидација со беспилотни летала.

Сопругата на Хусеин, Сали Џонс, исто така била активна во центарот на ткн „калифат“ во сирискиот град Рака во истоимената покраина, и главно била ангажирана во „женското“ крило на Исламската држава.

Според Sky News, мрежата на Исламската држава во Европа веќе има инфилтрирано неколку терористи самоубијци, коишто се подготвени да реагираат со напад веднаш по добивањето на наредба.

Телевизијата објави дека претставувајќи се на Twitter како две различни личности заинтересирани за џихадот, маж и жена, прикриениот новинар истражувач дошол до многу вознемирувачки сознанија за тактиката на екстремистите, особено за подготвеноста на нивните бомбаш да нападнат во секој момент. Веднаш му станало јасно дека Исламската држава бара на интернет регрути за напади на британска територија а не да патуваат за „калифатот“.

Притоа, добивал совети како да основа фондови и да изработува оружје и меѓу другото открил дека една од можните цели се кралицата и членовите на кралското семејство.

Меѓу другото, во текот на истражувањето преку инструкции на лажниот акаунт на тинејџерка од припадници на Исламската дражва била потврдена и маршрутата на џухадистите од Европа до блискоисточните боишта која водела преку Истанбул до турско арапскиот град Урфа во близина на сириската граница која ја следи и турската тајна служба, па имало и инструкции да се замине до друга локација за да се заметне трагата.

Интернет контактите довеле и до лице кое се претставило како „офицер“ на Исламската дражва задолжен за обука на странските борци, меѓутоа надвор од Сирија и од Ирак. Според него веќе четири или пет државјани на Велика Британија „ја завршиле обуката“ со „различни видови оружја“ и се вратиле во татковината „за да извршат напад“.

Телевизијата предупредува дека британските безбедносни служби не смеат да ја игнорираат можноста на територијата на земјата да постојат седум бомбаши, без разлика дали тие се автентични информации.

Портпаролот на британското министерство за внатрешни работи изјавил дека „не коментираме специфични закани или разузнавачки работи“.

„На ниво на Велика Британија заканата и натаму е висока. Тоа значи дека терористички напад е ‘многу веројатен’ и јавноста мора да биде будна“, коментирал аналитичар од независниот Заеднички антитерористички аналитички центар JTAC./крај/мф/сн

Извор: Sky News



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.

dobivaj vesti na viber

Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.

„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.

На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.

Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.

На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.

Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.

Прикажи повеќе...

Европа

Крај на краткорочните изнајмувања станови за туристи во Шпанија, Airbnb казнет

Објавено пред

Шпанија го казни Airbnb со огромни 65 милиони евра за рекламирање недвижности за краткорочно изнајмување, без соодветни дозволи. Одлуката доаѓа во време кога расте притисокот врз владата да го ограничи туристичкото сместување во услови на продлабочување на кризата со домувањето, објавува „Евроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Шпанското Министерство за заштита на потрошувачите соопшти дека казната е конечна и дека на платформата со седиште во САД ѝ е наредено веднаш да ги отстрани сите нелегални огласи. Официјалните лица изјавија дека повеќе од 65.000 огласи на Airbnb ги прекршуваат шпанските закони за заштита на потрошувачите, вклучително и огласување недвижности, без дозволи или со неважечки броеви за лиценца.

Казната е шестпати поголема од профитот што Airbnb го оствари од спорните огласи помеѓу времето кога властите ја предупредија компанијата и времето кога огласите конечно беа отстранети.

Зошто беше казнет Airbnb?
Според шпанските власти, 65.122 огласи на Airbnb ги прекршиле прописите дизајнирани да ги заштитат закупците и потрошувачите. Многу од овие имоти се наоѓале во региони во кои краткорочните изнајмувања се ограничени или бараат експлицитно одобрение.

Министерството нагласи дека од платформите како Airbnb се очекува да проверат дали имотите рекламирани во Шпанија се во согласност со локалните и регионалните прописи за домување. Кога не го прават тоа, велат, тие изнајмувања остануваат на пазарот подолго отколку што треба намалувајќи го бројот на домови достапни за жителите што бараат долгорочен смештај.

Министерот за права на потрошувачите, Пабло Бустиндуј, рече дека има илјадници семејства што живеат на работ поради кризата со домувањето во земјата, а некои компании профитираат од бизнис-модели што ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите домови.

Борбата против нелегалните изнајмувања не е ограничена само на Airbnb. Во јуни Шпанија исто така му наложи на Booking.com да отстрани повеќе од 4.000 нелегални огласи.

Барселона ја предводи борбата против масовниот туризам
Барселона стана епицентар на борбата на Шпанија против краткорочните изнајмувања. Градот оваа година објави планови за постепено укинување на сите туристички станови до 2028 година, со што ефикасно ќе им се забрани на платформи како Airbnb да продаваат приватно сместување во станбени згради.

Градските лидери велат дека краткорочните изнајмувања ги испразнија локалните населби, ги истиснаа жителите од пазарот за изнајмување и ги трансформираа цели населби исклучиво за туризам. Локалните заедници се согласуваат, а протестите – од мирни маршеви до напади со водни топови – се сè почести против масовниот туризам и растечките трошоци за живот.

Другите регионални и национални власти во Шпанија следат сличен пат. Повеќе од 53.000 нелегални туристички станови неодамна беа отстранети од официјалните регистри во целата земја, главно во Андалузија, Канарските Острови, Каталонија и Валенсија.

Шпанија пречека рекордни 94 милиони странски туристи во 2024 година и е на добар пат да го надмине овој рекорд оваа година. Иако туризмот останува клучен економски столб, официјалните лица велат дека построгата регулација на краткорочните изнајмувања е клучна за балансирање на растот на бројот на посетители со квалитетот на животот на локалното население.

Прикажи повеќе...

Европа

Турски борбени авиони соборија дрон надвор од контрола во близина на брегот на Црното Море

Објавено пред

Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.

dobivaj vesti na viber

Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.

Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија2 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија2 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија2 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет4 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа5 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет6 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет6 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет6 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет7 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа7 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија17 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет17 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет20 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет20 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....