Црна хроника
Кичевец го убил братот и ја ранил снаата

Кичевец кој имал упат за психичко лекување во установа, во средата попладне го убил својот брат и ја ранил неговата снаа со нож.
Четириесет идвегодишниот жител на кичевското село Другово во средата околу 16 часот го забележал неговиот брат и снаата на плоштадот во Кичево. Им се приближил од зад грб и извадил нож и го прободел четири години постариот брат во пределот на вратот и лицето. Потоа, со ножот ја нападнал и снаата нанесувајќи и неколку убоди во левото рамо. Братот им подлегнал на повредите, а снаата успеала да се спаси. Напаѓачот веднаш избегал, но набргу бил најден скриен во куќа во Кичево и веднаш бил приведен.Напаѓачот имал нарушено психичко здравје и нервна раздразнетост. Во 2007 година Основниот суд од Кичево му изрекол мерка упатување во установа за лекување. Против него е поднесена кривична пријава за „убиство“ и „убиство во обид“, а ножот и други предмети најдени на лице место се однесени на вештачење./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.