Скопје
Мин. за транспорт и врски: Жерновски да не шири заблуди и лаги
Новото законско решение е со цел да им се даде поголема легитимност на одлуките за донесување на урбанистичките планови, се вели во демантот од страна на Министерството за транспорт и врски, на изјавата на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, дека власта со овие измени сака да протурка проекти во Центар.
„Градоначалникот Жерновски да не шири заблуди, да не шпекулира и да не ги лаже граѓаните, создавaјќи конфузна претстава за законското решение. Имено и до сега Општина Центар согласно Статутот на општината е предвидено истото решение, односно и Советот на општина Центар до сега одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот“, се вели во демантот.
Понатаму се додава дека во постоечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање не е предвидено со какво мнозинство се донесуваат урбанистичките планови, поради што во пракса се случуваше урбанистички план да се донесе со обично мнозинство гласови од присутните членови на Советот.
„Заради давање на поголема легитимност на одлуките за донесување на урбанистички планови во предлог законот се прецизира, кога е донесена одлука на Советот на општината за донесување на истата да гласале најмалку 1/3 од вкупниот број на членови на Советот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, а во спротивно урбанистичкиот план да не се смета за донесен“, пишува во демантот.
Од Министерството појаснуваат дека преку ова решение се создава можност и поголем број од непосредно избраните претставници на граѓаните во советите на општината да бидат запознаени и вклучени во постапката за донесување на урбанистички планови.
„Урбанистичките планови ќе се носат во електронска постапка која ќе доведе до поголема транспарентност и одговорност на сите вклучени субјекти. За донесување на Урбанистичките планови се предвидува задолжителна јавна анкета, извештаите од јавната анкета ќе бидат електронски достапни на советниците за да имаат увид како е постапено по забелешките на граѓаните. Советото ќе има легитимитет да го врати на дорабтотка планот ако смета дека не е добар, ова се само дел од позитивните страни на новот законско решение кое е во собраниска процедура“, пишува во демантот од Министерството за транспорт и врски.
Од таму додават дека на Жерновски не му е првпат да ја користи својата позиција и да ги манипулира граѓаните ширејќи дезинформации.
„Тој е градоначалник на кој што најкрупен проект му е поставување на бехатон плочки на улица и отворен ден за граѓаните. За жал тој е градоначалник кој ќе остане запаметен кој јавно тврдеше дека ќе се урне трибината на арената Филип Втори Македонски“, се вели во демантот од Министерството за транспорт и врски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

