Регион
Челникот на Хамас говореше на конгресот на турската владејачка партија

– (Турскиот премиер Ахмет Давутоглу (л.) и челникот на Хамас, Калед Мешал)
Челниот човек на политичкото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, Калед Мешал, неочекувано се појави и одржа говор во саботата на конгресот на турската владејачка Партија на правдата на развојот (АКР) во градот Коња во јужниот дел од земјата, пишува интернет издание на весникот Hurriyet.
Челниот човек на политичкото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, Калед Мешал, неочекувано се појави и одржа говор во саботата на конгресот на турската владејачка Партија на правдата на развојот (АКР) во градот Коња во јужниот дел од земјата, пишува интернет издание на весникот Hurriyet.
Во говорот Калед Мешал ги поддржа турските лидери и изрази надеж дека Хамас ќе може заедно со нив „да ја спаси Палестина и Ерусалим“. „Силна Турција значи и силна Палестина. Демократска и стабилна Турција претставува извор на силата за сите муслимани“, рече Мешал во своето обраќање до делегатите на конгресот.
Учениците на конгресот на АКР неколкупати го прекинуваа говорот на лидерот на Хамас, скандирајќи „Алах е велик“ и „Долу Израел“, мавтајќи со турски и со палестински знамиња, пишува весникот.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој лично го претстави Мешал на конгресот, истакна дека жителите на Коња во 1980 година, во периодот кога Израел и Турција имаа извонредно блиски односи, излегоа на улиците протестирајќи против одлуката на Израел еднострано да го прогласи Ерусалим за своја „историска и неделива“ престолнина. Давитоглу Ерусалим го нарече „симбол на сите угнетени во светот“./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: На избори одлучува народот, а не странските фактори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во моментот не гледа начин на кој опозицијата би можела да победи на изборите нагласувајќи дека најважно за него е волјата на граѓаните.
„Ако господата Тадиќ и Ѓилас победат, ќе им честитам бидејќи отсекогаш ја признавав волјата на народот. За мене, волјата на народот е волја божја. Но, во моментот не гледам начин на кој би можеле да победат. Дури и да им дозволите да украдат стотици илјади гласови, ниту тоа не им помага“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Реагирајќи на изјавата на поранешниот претседател Борис Тадиќ дека ќе поднесе оставка доколку беше на негова позиција, Вучиќ потсети дека Тадиќ не го сторил тоа кога прогресивците бараа избори во 2011 година.
„Одржавме големи демонстрации, Николиќ штрајкуваше со глад, баравме избори, но без закани и странско мешање. И таа влада беше злокобна – 500.000 луѓе ги загубија своите работни места, приватизацијата беше украдена. Ја променивме на мирен и цивилизиран начин, вработивме луѓе и ја изградивме Србија“, нагласи тој.
Тој се осврна и на изјавата на претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, дека по формирањето на новата влада, ќе ги распушти БИА и РТС. „Да видиме првин дали воопшто ќе го помине пописот“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија се осврна и на коментарите на опозицијата дека е второкласен партнер на кинескиот претседател Шји Џјинпинг. „Овие државници ми даваат најотворена поддршка и имав најмногу средби со нив во историјата на нашата земја. Не заборавајте дека Путин беше единствениот што ми додели орден од тој ранг, првпат по Никола Пашиќ, пред повеќе од еден век“, потсети Вучиќ.
Тој додаде дека Шји дури го продолжил разговорот за петнаесет минути надвор од протоколот, што, рече тој, е реткост за кинескиот претседател. „Разговаравме и за историјата, го запознав со страдањата на српскиот народ во Втората светска војна, а тој мене со трагедијата на кинескиот народ. Се согласивме дека е важно да се бориме против ревизијата на историјата“, рече Вучиќ.
„Оние што не се заинтересирани за Србија не може да разберат колку е важно да се работи за народот. Кога ќе одат надвор од опсегот на разумот и моралот, тешко е воопшто да се одговори на нивните напади“, рече Вучиќ.
Фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Претседателот на Кина лично ме покани во државна посета, верувам дека тоа ќе биде во наредните шест месеци

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денес ја имал најважна средба во Пекинг со претседателот на Кина, Шји Џјинпинг. Истакна дека средбата била исклучително пријателска и срдечна.
„Она што би го кажал како добра вест за граѓаните, што го потврдува пријателството и говори за она што доаѓа потоа – претседателот Шји лично, а не преку кабинетот или на вообичаен бирократски начин, туку сам во разговор ми упати покана како на претседател и на нашата делегација да дојдеме во државна посета на Кина“, рече Вучиќ.
Наведува дека во краток временски период ќе дојде до државна посета и претпоставува дека тоа ќе биде во наредните шест месеци.
Тој нагласи дека брзиот експоненцијален раст на увозот и извозот со Народна Република Кина ги покажува нивото и сериозноста на соработката и искреното пријателство.
„Молев за дополнителни инвестиции, за дополнително вработување на нашите луѓе. Претседателот нè информира дека нивните експерти работат и на она за што зборувавме во Москва и дека ќе продолжат да работат и на други проекти и дека Србија како исклучително пријателска земја може да очекува понатамошна поддршка и помош од Народна Република Кина“, изјави тој.
Истакна дека тоа може да се очекува и по разни политички прашања – од Косово и Метохија, територијалниот интегритет на Србија, исто како што и Србија го почитува принципот на една Кина.
Вучиќ нагласи дека е многу среќен кога разговорот завршува вака затоа што знае дека е направено нешто добро за земјата, дека ќе има нови фабрики, нови патишта и железници.
„Тие се израдуваа на фактот дека за 15 дена ја отвораме пругата Белград – Суботица, дека ние го завршивме нашиот дел до Будимпешта. Се гордеам на тоа, тоа се резултати што никој не може да ни ги одземе“, рече тој.
Вучиќ му се заблагодари на претседателот Шји за поддршката – од железарницата, преку ковидот и респираторите, до поддршката за резолуцијата за Сребреница, „без Кина немаше да можеме да ја добиеме поддршката од мнозинството нации во светот“.
„Разговаравме за немешање во внатрешните работи и за управувањето со шарени револуции, за денешните обиди тоа да се направи и во Белград. Кинеското раководство и претседателот сигурно добро ги согледуваат работите во нашата земја и добро ги разбираат притисоците со кои се соочуваме и тоа за нас беше важно“, додаде Вучиќ.
Тој нагласи и дека имал многу добар состанок и со претседателот на Народниот конгрес на Кина, „многу сериозен и воздржан човек, кој ретко покажува емоции, но не ја криеше искрената наклонетост кон Србија“.
Најави дека набргу потпретседателот на Народниот конгрес ќе ја посети Србија, а в година и самиот претседател.
Вучиќ посочи и дека денес имал разговори со три компании, а со уште една ќе разговара подоцна.
Говорејќи за односите, рече: „Некои велат дека Путин не ме цени. Па кому Путин му даде толку висок орден во нашата земја, освен на мене? По повеќе од еден век, го добив јас. Исто е и со Шји Џјинпинг. Србија е европска земја во која дошол најмногупати. И имав чест да го угостам. Толку пати сум бил со претседателот Шји што многу нешта научив од него“.
Вучиќ додаде дека Шји дури го продолжил состанокот за петнаесетина минути од предвиденото, што е редок гест, и дека разговарале и за историјата на српскиот и на кинескиот народ.
Регион
Вучиќ најави летачки автомобили во Србија: „Доаѓаат следната година“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пофали воената моќ на Кина во Пекинг, најави средба со Шји Џинпинг и воена парада во Белград на 20 септември, а исто така коментираше и за односите со другите земји и критиките од опозицијата во Србија, пишува Blic.rs.
Вучиќ рече дека воената парада во Кина покажа „стратешка компаративна предност во однос на другите земји, па затоа многумина беа изненадени од она што го видоа“. Тој особено нагласи дека сите беа изненадени од „системите DH-5, стратешките нуклеарни ракети“, додаде Вучиќ.
Тој исто така рече дека разговарал со претставници на 11 кинески компании и најави дека „тестирањето на летачки автомобили ќе започне во Србија следната година“.