Контакт

Книги

Македонската авторка Лидија Димковска гостуваше на загрепска Еурoпеа

Објавено пред

Наградуваната македонска авторка Лидија Димковска, добитничка,меѓу другото, и на наградата на Европската унија за книжевност, во средата вечерта во Загреб во рамките на книжевниот фестивал „Еуропеа во нашиот двор“ пред хрватската публика го претстави својот наградуван роман „Резервен живот“, интимна и политичка алегорија на историјата на просторите на поранешна Југославија раскажана низ судбината на сијамски близначки.

dobivaj vesti na viber

 

 

Романот во Хрватска се појави во издание на куќата „Лјевак“, а ја преведе Борис Павлоски. За него и за авторката зборуваше загрепската писателка Ивана Бодрожиќ, која истакна дека судејќи според реакциите на критиката и публиката, како и наградите коишто ги доби, Лидија Димковска несомнено е најсилниот креативен глас меѓу македонските писатели од помладата генерација.

„Димковска е едно чудо од Македонија коешто дојде во Загреб,наградувана, одлична и извонредно успешна писателка и преведувач која започна како поетеса, поезијата ја пишува отсекогаш, откако знае за себе“, рече Божиќ,која ја цитира агенцијата Hina којашто посвети голем простор на гостувањето на македонската авторка во Загреб.

„Нејзиниот роман ’Резервен живот’, од една страна има едноставна наративна линија која ја следи судбината на две девојченца, сијамски близначки, чијашто приказна започнува во нивната десетта година во мала населба во Скопје, каде се малку е да се каже атракција, а само на тоа ниво овој роман е една студија на човековата природа“, оценува Божиќ. Од друга страна, нивниот сон еден дена да се раздвојат коинцидира со времето и просторот во којшто живеат, а тоа е насетување на распадот на поранешна Југославија, што и тоа како ги одбележало нивните животи,туку и на цели генерации, додава.

На трибината со Димковска на тема „Карактеризација на ликот: поинакви“, , којашто Hina ja оцени како „многу занимлива“, за романот зборувал и преведувачот Павловски, од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филозофскиот факултет во Загреб.,

Според него, станува збор за „застрашувачки голем роман, реалистична проза со висок јазично-стилски регистар, осмислена богата фабулативна линија и четиво коешто постојано се движи кон читателот и бара полна концентрација“.

„Резервен живот“, издаден 2012 година е втор роман на Димковска, поетеса, прозаист и преведувач, по романот „Скриена камера“ од 2014 година. За двата е наградена со признанието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ),а „Резервен живот“ ѝ ја донесе и Европската награда за книжевност во 2013 година. Романот е преведен на десетина јазици, а неодамна беше објавен и во САД.

Димковска е добитничка на Европската награда за поезија „Хуберт Бурда“ и на меѓународната награда „Тудор Аргези“. Нејзината поезија е преведена на повеќе под дваесет јазици. Американското списание The American Poetry Review ѝ посвети насловна страница и специјален додаток. Оваа година е кандидатка за европската награда Поет на слободата која се доделува во Полска. Во моментов живее во Љубљана како слободен уметник и преведувач./крај/мф/сн

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија6 часа

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија7 часа

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија8 часа

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија8 часа

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија9 часа

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија11 часа

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија11 часа

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија21 час

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија1 ден

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ1 ден

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија1 ден

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија1 ден

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија1 ден

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија1 ден

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија1 ден

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија1 ден

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија1 ден

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион1 ден

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...