Црна хроника
Полиција дошла да го апси, пукал и побегнал

Убиец од Тетово, кој претходно побегнал од затвор, успеал да и побегне и на полицијата која дошла да го приведе по распишана потерница, при што испукал два куршуми.
Припадници на специјалните единици во саботата во 03,00 часот во Тетово на ул.„Благоја Тоска“ дошле да го приведат Р.Ј.(1980) кој се бара по потерница, заради бегство од затвор Штип, каде бил на издржување на казна затвор за сторено КД „Убиство“
Осуденикот испукал два куршуми од огнено оружје, по што се дал во бегство и се превземаат мерки за негово пронаоѓање.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Тетово, при што утврдено е оштетување на зградата и скршени прозорски стакла од испукан проектил, пронајдена е две чаури кал.7,62 мм, по што истите се подигнати од лице место и предадени за вештачење. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.