Европа
Путин уверува дека енергетска криза во Европа нема да има по вина на Русија, но предупреди на нова ’гасна војна’
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот во Белград ги убедуваше европските партнери дека по вина на Русија нема да има никакви проблеми со испораките на природен гас во Европа, но истовремено предупреди дека тие може да се намалат доколку Украина како и во 2008-та го поткраднува гасот кој минува низ нејзината територија и изрази надеж дека тоа сепак нема да се случи.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот во Белград ги убедуваше европските партнери дека по вина на Русија нема да има никакви проблеми со испораките на природен гас во Европа, но истовремено предупреди дека тие може да се намалат доколку Украина како и во 2008-та го поткраднува гасот кој минува низ нејзината територија и изрази надеж дека тоа сепак нема да се случи.
„Ве уверувам дека од руска страна нема да има криза во енергетската соработка“, изјави Владимир Путин во текот на неговата еднодневна посета на Србија и додаде дека „постои голем ризик во транзитот на гасот“.
„Воопшто не би сакале да се појават какви и да се кризи во периодот есен-зима. Сосема одговорно можам да кажам дека по вина на руските учесници во енергетската соработка со Европа нема да има никаква криза“, истакна рускиот претседател.
„Русија секогаш била доверлив добавувач, имаме доволно ресурси за да ги обезбедиме и своите потребни, како и растечките потреби на нашите клиенти во Европа или Азија“, одговори Путин на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Путин се надева дека преговарачите за гасниот проблем на Русија, Европската унија и на Украина, ќе успеат да се договорат и ќе се затвори ова прашање. „Нашите партнери се во постојан контакт со нас, и европските и украинските. Се надевам дека ќе успеат да се договорат и да стават точка на сите спорови“, порача рускиот претседател.
Русија од 16-ти јуни ги прекина испораките на гас за Украина којашто дотогаш не ги имаше подмирено своите долгови од над 5 милијарди американски долари кон рускиот гасен гигант „Газпром“, кој мина на режим на плаќање од страна на Киев однапред на порачано количество од енергенсот. Се стравува дека со надоаѓањето на зимата Украина би можела да ги исцрпи своите резерви и да го црпи за своите потреби транзитниот гас наменет за Европа, што предизвика кризи во 2006 и 2008 година.
Доколку Русија забележи дека Киев почнува без дозвола да зема од гасот наменет за извоз на европските потрошувачи, тогаш постепено ќе го намали снабдувањето во тој обем, порача Путин.
„Ние, исто како и во 2008 година, последователно, како одговор, ќе ги скусиме испораките за обемот на украдените испораки. Искрено се надевам дека до тоа нема да дојде“, изјави рускиот претседател.
Русија е најголем добавувач на гас за Европа и покрива третина од нејзините потреби, а половината од тој гас пристигнува преку транзитниот гасовод кон минува низ Украинска територија.
Руско-украинскиот спор за неплатените испораки на гас е трет за неполна деценија, а во претходните два случаи предизвика големи проблеми во Европа. Меѓутоа, сегашната криза е многу посериозна бидејќи по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович и доаѓањето на власт во Киев на прозападните непријателски кон Москва политички сили и отпорот на рускојазичното и руско население на полуостровот Крим и во југоисточните украински региони по што започна воениот конфликт во овие области. Украински власти одбиваат да ги исплатат долговите за рускиот гас по новите цени откако ги загубија сите попусти што му ги даваше Москва на Киев, по нивното антируско истапување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

