Црна хроника
Двајца загинати во судар на три камиона и автобус со британски туристи
Три камиона и автобус со британски туристи се судрија ноќта кон саботата и се запалија на автопатот А1 во северна Франција, при што две лица загинаа а четири се полесно повредени, соопштија локалните власти.
Патниците во британскиот автобус, родители и деца, коишто патувале на посета во Евродизни во близина на Париз, успеале да излезат од возилото пред да се запали по судирот во кој учествувале и три камиона, а се случи во насоката Лил – Париз, изјавија претставници на спасувачките служби за AFP.
Возачот на едниот камион и совозачот во другиот камион загинале во несреќата, а на четирите повредени лица не им била потребна лекарската помош.
Поради големиот пожар кој избувнал по судирот францускиот автопат А1 поголем дел од изминатата ноќ беше затворен во двата правци. Пожарот го гасеа повеќе од педесет пожарникари, а полицијата отвори истрага за причините за несреќата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жител на дебарското село Горенци вршел превоз без лиценца
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца.
-Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Според него, на 9 октомври при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, управуван од пријавениот.
При тоа, констатирале дека тој врши такси превоз на патници без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

