Европа
Конгресот ја потврди Меркел за челник на CDU
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно во вторникот е избрана на должноста претседателка на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) на партиската конвенција којашто се одржува во вторник и во среда во Келн.
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно во вторникот е избрана на должноста претседателка на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) на партиската конвенција којашто се одржува во вторник и во среда во Келн.
За останување на Ангела Меркел на челната партиска функција гласале 96,7 отсто од учесниците на конвенцијата на Христијанско-демократска унија (CDU), што претставува втор најдобар резултат откако се наоѓа на чело на партијата. Пред две години за Меркел гласаа 97,9 отсто од партиските делегати. Со овој реизбор, германската канцеларка го освои осмиот двогодишен мандат на чело на партијата.
Во текот на обраќањето во вторникот пред учесниците на конвенцијата, Ангела Меркел ја поттикна својата парија на „повеќе храброст“ и преземање нови реформи. „Да бидеме храбри во новите напнати времиња“, изјави Меркел на конвенцијата. Канцеларката укажа и на ниската стапка на невработеноста во Германија особено меѓу младите, и нагласи дека CDU и во иднина ќе се залага за создавање поволни услови за развој на економијата.
На надворешнополитички план, Меркел, меѓу другото, ја бранеше политиката на санкциите воведени од страна на САД и Европската унија против Русија и острата осуда на, како што рече, нејзината агресија врз Украина.
Меѓутоа, германските медиуми истакнуваат дека Меркел најголем аплауз од сопартијците добила за нејзиниот директен напад врз својот коалициски партнер во власта –Социјалдемократската партија на Германија (SPD), инаку најстара политичка групација во земјата, поради нејзиното коалицирање во покраината Тирингија со партијата Левица (Linke), којашто се смета за наследничка на партијата SED, некогаш владејачката во поранешната комунистичка Демократска република (Источна) Германија, од каде што и самата потекнува актуелната германска канцеларка.
„Колку ниско всушност SPD сака да се спушти?“, запраша Меркел, алудирајќи на фактот дека социјалдемократите се согласија да бидат малцински партнер во покраинската влада којашто од минатиот петок ја предводи политичарот од партијата Левица, Бодо Рамелов, коалиција што ја сочинуваат Левица, Зелените и SPD. Меркел истакна дека „треба да се стори сé“ по парламентарните избори во 2017 година да не дојде до таква политичка констелација и на сојузно ниво.
Ангела Меркел се наоѓа на чело на CDU досега повеќе од 14 година, а нејзиниот претходник Хелмут Кол мина на чело на партијата цели 25 години, од 1973 до 1988 година. Првиот повоен германскиот канцелар Конрад Аденауер беше на чело на Христијанско-демократската унија од 1950 до 1966 година.
Во продолжение на дводневниот конгрес, кој започна во вторникот наутро со литургија во катедралата во Келн, учесниците на конвенцијата ќе го избираат и претседателството на партијата. Во текот на денот, е предвидено делегатите да ја прифатат и програмата за даночните олеснувања за вработените.
Политичките аналитичари проценуваат дека CDU во моментов се наоѓа во еден од најповолните периоди од својата историја. Поради економските подобрувања и фактот дека Германија релативно безболно ја мина глобалната финансиска криза, CDU и натаму ужива голема наклонетост од избирачкото тело. Слично како и на парламентарните избори минатата 2013 година, оваа партија според податоците на институтот Infratest Dimap ја поддржуваат 41 отсто од избирачите. Во парламентот – Бундестагот, партијата CDU, со баварската сестринска партија Христијанско-социјална унија (CSU) има речиси половина од мандатите, 311 од 631, додека социјалдемократите од SPD имаат 193 мандати.
Таканаречената голема коалиција меѓу Унијата CDU/CSU и SPD, којашто е на власт една година и во чија коалициска влада Ангела Меркел го извршува својот трет последователен канцеларски мандат, според податоците на јавниот медиумски сервис ARD, во моментов ја поддржуваат 53 отсто од избирачите.
И самата Меркел ужива голема популарност меѓу германските граѓани. Според истражувањето на јавното мнение на институтот Infratest Dimap од почетокот на декември, 67 отсто од граѓаните смета дека канцеларката добро ја извршува својата должност.
Меѓутоа, сепак, во Европската унија, особено во земјите кои се погодени со финансиската криза, Меркел напротив не ужива толку добар статус како во татковината, во прв ред поради политиките на штедење коишто ги застапува. Најновото остро негодување од своите традиционални европски сојузници, Франција и Италија, Меркел ги предизвика изминатиот викенд со изјавите дадени во интервјуто за весникот Die Welt, дека двете споменати земји не сториле доволно напори кога станува збор за буџетските и економските реформи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани
Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.
Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.
„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.
Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.
Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.
Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.
Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.
Европа
(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око
Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.
Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна.

epa12650914 French President Emmanuel Macron delivers a speech during a visit to the Istres Air Force Base in Istres, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Повикувањето на насловната песна од филнот „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека таа мора да стане посилна и побрза. Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека ги прегледуваше војниците.
„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. „Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

epa12651821 French President Emmanuel Macron delivers a speech as he visits the Istres military air force base, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Тој го искористи своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во јужна Франција за да најави поголеми трошоци за одбрана. Тој рече дека сака да ги помести плановите за буџет за одбрана од 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, со 3,5 милијарди евра за забрзување на вооружувањето на Франција достапно оваа година.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.

