Контакт

Надворешна политика

Попоски смета дека Хан ќе се ангажира за отстранување на грчката блокада

Објавено пред

Новиот еврокомесар за соседна политика и пристапни преговори Јоханес Хан со сигурност ќе се обиде да го поттикне интересот кај Грција за отстранување на формалната блокада, изјавил министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА, запрашан околу очекувањата од ангажманот на Хан, кој се очекува месецов да ја посети Маједонија.
 

dobivaj vesti na viber

Новиот еврокомесар за соседна политика и пристапни преговори Јоханес Хан со сигурност ќе се обиде да го поттикне интересот кај Грција за отстранување на формалната блокада, изјавил министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА, запрашан околу очекувањата од ангажманот на Хан, кој се очекува месецов да ја посети Маједонија.

 

 

„Оваа Комисија тоа го има како стартна позиција, наследена, и веројатно покрај тоа што ќе се обиде да го искористи Пристапниот дијалог на високо ниво како формат за де факто водење на преговори, со сигурност ќе се обиде и да го поттикне интересот кај Грција за отстранување на формалната блокада, која ни е наметната. Нема никаков интерес Европската комисија да продолжи со давање на препораки и чекање на тоа дека Грција во еден момент ќе го тргне ветото кое го има поставено во Советот. Мислам дека климата која се создаде и поддршката од повеќе земји-членки на ЕУ оди во насока на тоа да му се овозможи на комесарот Хан да води ефективен дијалог со Македонија, кој ќе не приближува до членството, а воедно да создаде клима во која и Грција ќе има помалку причини да бара само изговори зошто да остане да не блокира. Формулата мора да ја променат на еден или на друг начин, за нас клучно ќе биде да се водат преговори за приклучување кон ЕУ и тоа ќе се одвива во текот на 2015 година“, смета Попоски.

Попоски потенцира дека е битно да се надмине сегашната ситуација во која ниту има напредок во однос на наметнатиот спор, ниту има напредок со отстранување на блокадата, која ни е наметната на Советот, за што вели, три причини се клучни.

„Едната е тоа што сите земји-членки на ЕУ денес се преокупирани со нивните домашни проблеми бидејќи ЕУ е речиси насекаде притисната со економски потешкотии. Вториот фактор во овој правец е што од надвор не делува многу драматично тоа што Грција не блокира. Впрочем, Грција не блокира за отпочнување на преговори шест години, а во текот на тие шест години ние сме редовно помеѓу првите пет економии од аспект на раст или сме земја која остварила најмногу реформи за правење на бизнис според Светска банка. Што значи дека во нивните очи перцепцијата е дека тоа што Грција не блокира не е некоја драма“, вели Попоски.

Македонскиот министер додава дека третиот фактор, кој исто така придонесува во овој правец е тоа што Грција реално е во многу големи проблеми и сите земји-членки на ЕУ имаат или мало ниво на сочувство за тоа што се случува во Грција или се плашат дека таквата драматична ситуација во Грција може негативно да се одрази на целокупната економија на ЕУ.

„Поради овие причини многу е тешко да се смени позицијата која Грција ја има, а таа е многу комотна во рамки на Советот – да не се занимава со спорот за името. Од друга страна, мислам дека во овој период, особено во текот на годината, со оглед на навестувањата кои ги направија во текот на минатата, повеќето клучни одлучувачи во европски кругови имаат дадено до знаење дека не им е сеедно тоа што се прекршува меѓународното право на грбот на случајот на Македонија и неотпочнувањето на преговорите. Особено со оглед на тоа што беше констатирано од Меѓународниот суд на правдата дека тоа е прекршување на меѓународното право и Грција нема право тоа однесување да го повтори“, вели министерот.

Во поглед на тоа дали е потребна промена на платформата за преговори, форматот или динамиката, со оглед дека по долгогодишни преговори со Грција за името, напредок нема, македонскиот министер вели дека најглавно е тоа што Грција која го наметна спорот за името, нема интерес и не се ни обидува да скрие дека нема интерес за надминување на спорот.

„Што значи се враќаме на онаа теза која Самарас во повеќе наврати ја има повторено дека најдобро решение за Грција во однос на спорот за името е да не се решава спорот и што е можно подолг временски период да се одолговлекува, за одолговлекувајќи да се надеваат дека на тој начин можат да направат некаква дестабилизација, проблем или регионални потешкотии. Ова мислам дека не е во интерес ниту на Македонија, ниту на ЕУ. Впрочем ако погледнеме малку подлабоко не е во интерес ни на самата Грција, но е една стратегија која се спроведува во пракса во изминатите неколку години под превез на тоа дека Грција има големи проблеми дома и со изговор дека рамката е воспоставена со Времената спогодба и резолуциите на ОН“, потенцира Попоски./крај/мф/бс

 

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет44 минути

Ербас ги проверува авионите А320 поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет55 минути

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Европа1 час

Шефот на украинската војска: Охрабрувачки информации доаѓаат од Купјанск

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, изјави дека украинските сили значително ја подобриле својата тактичка позиција во градот...

Свет1 час

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет1 час

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет8 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија10 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија15 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија18 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија20 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија21 час

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија21 час

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија22 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија23 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет1 ден

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет1 ден

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет1 ден

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...