Црна хроника
Ограбена златарница во Кочани
Непознат сторител од златарница во Кочани украл злато во вредност од околу 10 илјади евра, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, С.С.(50) од Кочани пријавил дека, во средата од 15 до 16 часот од неговиот златарски дуќан „Голден сан“ во Кочани, непознат сторител користејќи згодна прилика, од незаклучениот метален сеф одзел две платнени ролни наполнети со златен накит, со што причинил материјална штета во износ од 600.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
12-годишник и го нападнал синот на скопјанка, таа го однела дома напаѓачот и го држела одреден период
Вчера во 18 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода А.Р.(46) од Скопје.
Според пријавеното од Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, по што го однела во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка
Вчера во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат В.В.(59) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Турчинка физички нападната од такси возач на Бит Пазар
Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје, М.Г.К. (24) од Република Турција пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу такси услуга, била физички нападната од такси возач.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.