Контакт

Надворешна политика

Иванов: Меѓусоседските односи секогаш можат да бидат подобри

Објавено пред

Меѓусоседските односи во регионот секогаш можат да бидат уште подобри, порача претседателот Ѓорге Иванов во рамки на учеството на 4-от регионален претседателски самит во Будва.

dobivaj vesti na viber

„Очекуваме придвижување на целиот регион со цел сите ние да станеме дел од ЕУ, а основа за тоа се добрососедските односи и мора на тоа да работиме. Никогаш не треба да бидеме задоволни од постојната состојба, На пример во економијата и трговската размена постои голем потенцијал кој се уште не е искористен“, рече Иванов.

„Овие самити досега помогнаа да ги идентификуваме областите каде треба да ја зајакнеме нашата меѓусебна соработка. Исто така зајакнаа доверба меѓу нас и во поттикнување на добрите меѓусоседски односи со една отворена и искрена дискусија за прашања што некогаш во минатото не оптоварувале и како трето ја праќаме пораката дека ние имаме заедничка иднина“, рече Иванов.

Сите, нагласи тој, имаме цел да бидеме во оној заеднички дом кој го нарекуваме Европа.

„Сите имаме цел преку нашите реформи и идеи кои ги претставуваме на вакви самити да реализираме еднаков амбиент во целиот наш регион. Да се почитуваат европски критериуми, европски принципи и европски вредности“, рече Иванов.

На заедничката прес-конференција албанскиот претседател Бујар Нишани одговарајќи на новинарско прашање рече дека односите меѓу Албанија и Македонија се исклучително добри.

„Изолираните и провокативните инциденти се нешто со кое мора судството да се справи и да постапи по нив. Но тие неможат да ги нарушат одличните односи кои постојат меѓу нашите две држави“, рече Нишани.

Според него, Албанија одиграла и се уште игра непроменета улога која е во интерес на зачувување на стабилноста, мирот и просперитетот во регионот. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската „една земја, два система“ и мора да ја задржи својата слобода и демократија и да...

Свет1 час

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа2 часа

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија12 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија12 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија14 часа

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија18 часа

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија18 часа

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет23 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...

Европа24 часа

Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата...

Свет24 часа

Трамп: Средбата со Шји беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг како неверојатна пофалувајќи ги кинескиот лидер...

Свет1 ден

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа1 ден

Орбан: Европејците сакаат да почнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет1 ден

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...

Македонија2 дена

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија2 дена

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија2 дена

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...