Контакт

Европа

Отповикана опасноста од експлозија во британскиот парламент

Објавено пред

Неколку часа откако поради дојава за сомнителен пакет беше прогласена тревога и беше делумно евакуирана зградата на британскиот парламент, а откако полицијата го изврши пребарувањето на персоналот и на пратениците им е дозволено враќањето во канцелариите.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на лондонската полиција потврди дека Портикулис Хаус, зградата во којашто се наоѓаат работните простории на околу 200 британски парламентарци, персоналот кој им асистира и канцелариите на парламентарните комисии, наспроти Пратеничкиот дом и Домот на лордовите, бела целосно евакуирана додека траело пребарувањето.

Исто така, додека траеле пребарувањето, беше затворена и станица од лондонската подземна железница „Вестминстер“ над која се наоѓа зданието Порткулис Хаус.

Засега нема информации дали е откриен сомнителниот пакет или за евентуалната негова содржина.

Безбедносните мерки поради опасност од терористички напад во Велика Британија се подигнати на второто највисоко ниво од август поради заканите од сунитската радикална група Исламска држава во чиишто редови на боиштата во Сирија и во Ирак се борат илјадници странски борци, а според процените ги има и неколку стотици британски државјани.

Властите на западните земји и аналитичарите стравуваат дека по враќањето во татковините, овие радикализирани лица може да преземаат терористички напади, поради што во Велика Британија ќе им биде забрането враќањето на оние лица кои учествувале во борбите на Блискиот исток./крај/мф/сн

 

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Објавено пред

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.

Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Објавено пред

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.

dobivaj vesti na viber

„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.

Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.

Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.

Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.

„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.

„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.

Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.

Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за...

Македонија6 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија7 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ7 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ8 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет11 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија11 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија11 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт11 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...