Европа
Најмалку 42 загинати во судар на автобус и камион во Франција
Најмалку 42 лице, главно повозрасни, загинале во петокот утрото во сообраќајна несреќа во која се судриле автобус и камиот на локален пат во близина на Либурн во департманот Жиронда во југозападна Франција, соопшти полицијата. Станува збор за најтешката сообраќајна несреќа во Франција од 1982 година.
Загинале 41 патник, од вкупно 49 во автобусот, и возачот на камионот, кога двете возила директно се судриле и се запалиле. Некои од патниците успеале да излезат од запалениот автобус, но сé уште не се знае колку се тешки нивните поведи.
Со автобусот патувале повозрасни лица, којшто оделе на излет во Ланде, малку појужно. Несреќата се случила во близина на местото од коешто тргнале, Пети-Пале-Корнам, на кривина којашто се смета за опасна, соопшти локален жител за мрежата I-tele.
На местото на несреќата испратени се голем број возила на итната медицинска помош. Исто така, на расчистувањето на последиците од судирот работата и 60 припадници на службата за пожари и сапсувања.
Најавено е во текот на денот на местото на несреќата да дојдат премиерот Маниел Валс, министерот за внатрешни работи Бернар Казнев и државниот секретар за транспорт, Ален Видалис.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој во моментов престојува во официјална посета на Грција, издаде соопштение во кое се вели дека по повод трагедијата „мобилизирани се сите сили на владата“.
„Француската влада е целосно мобилизирана поради оваа трагедија. Сакам да порачам дека и покрај топлиот прием на кој наидовме тука (Грција), исполнети сме со тага во рска со оваа драма“, се вели во соопштениот на Оланд издадено пред неговата средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

