Контакт

Политика

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи изборите да се одржат на 24 април

Објавено пред

Извршниот комитет на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24-ти април, согласно договорот од Пржино.

dobivaj vesti na viber

Во моментот, во „Порта Македонија“, се одржува средба на политичките партии од кoалицијата „За подобра Македонија“.Владејачката партија претходно соопшти дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.„ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера“, се вели во соопштението.Дека Избирачкиот список може да биде прочистен пред изборите закажани за 24-ти април, потврди еврокомесарот Јоханес Хан, по неуспешната средба со претставниците на политичките партии во петокот во Скопје.Еврокомесарот, во понеделникот пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, рече дека „не секогаш партиите се држеле до датумот кога има одреден краен рок што е договорен, но на крајот сé е имплементирано”.„Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули“, порача Хан.Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, во изјава за МИА посочува дека е изводливо изборите да се одржат во Македонија според договореното на 24 април, но дека за тоа е потребен меѓупартиски договор, а Брисел сака единствено тие да бидат фер.„Прво и основно, сите лидери мора да останат посветени на договорот од јуни/јули во сите негови делови. Напредокот во спроведувањето е од витално значење во контекст на многу внатрешни и надворешни предизвици со кои се соочува земјата, како и со миграцијата. Ние жалиме што не можеше да се постигне консензус за датумот на изборите во петокот минатата недела, и покрај советите на ОДИХР и на ОБСЕ дека договорениот датум во принцип е сé уште изводлив“, посочува Коцијанчич./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија3 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет6 часа

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија6 часа

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија6 часа

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија7 часа

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...

Свет8 часа

Белата куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја отфрли хипотезата дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади. Доналд...

Регион21 час

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија1 ден

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија1 ден

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет1 ден

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет1 ден

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет1 ден

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија1 ден

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија1 ден

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...