Црна хроника
Три лица убиени, едно рането во престрелка во Калифорнија
Три лица се убиени а едно е рането во петокот во престрелка во приватна куќа која се случила во американскиот град Модесто, во сојузната држава Калифорнија.
По добиениот повик за истрели полицајците во куќата на посочената адреса ги пронашле телата на двајца мажи и жена. Друга жена со тешки прострелни рани била пренесена во болница. Според лекарите, нејзината состојба е критична.
Имињата и возраста на жртвите засега не се објавени. Детали за инцидентот, исто така, се непознати.
Се претпоставува дека станува збор за случај на семејно насилство. Според привичните информации, огнот од пушка го отворил маж кој потоа се застрелал самиот.
Модесто е град со околу 200 илјади жители, на 110 километри југоисточно од Сакраменто./крај/мф/сн
Извор: SunHerald
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Бугарија, ја истепал својата поранешна сопруга од Скопје
Денеска во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 46-годишниот Н.И.Ц. од Република Бугарија, затоа што на 06.05.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник од Велес, во него удрил „цитроен“
Вчера во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес“, соопшти МВР.
По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
19-годишник со „пасат“ излета од пат, со тешки повреди пренесен во Клиничката болница Штип
Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од село Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.М. од село Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.