Скопје
Во Скопје ќе бидат засадени 2.000 дрвца

Две илјади садници ќе бидат засадени на18 локации во Скопје, во рамки на есенската акција „Ден на дрвото“ што се спроведува во среда, 3ти декември.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, членови на Советот на Град Скопје и директорите на јавните претпријатија во среда официјално ја започнаа акцијата „Ден на дрвото“ на тревната површина на бул. „8.Септември“, на потегот од крстосницата со бул. „Илинден“ до крстосницата со бул. „Партизански одреди“.
„Градот Скопје, јавните претпријатија и средните училишта активно и оваа година ќе се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“. На територијата на Градот, на вкупно 18 локации ќе бидат засадени 2.000 садници од видовите јавор, јасен, каталпа, платан, кедар, туја, албиција, келерутерија и бреза. Од нив половината се обезбедени од ЈП „Паркови и зеленило“, а другата половина од ЈП „Македонски шуми“. Оваа година акцентот ќе биде ставен на урбаните средини, поточно најголемиот број на садници ќе бидат посадени во урбани средини долж градските булевари“, изјави градоначалникот Трајановски.
На локацијата долж бул. „8.Септември“ ќе бидат засадени вкупно 150 садници од типот платан.
Во истовреме, акции за засадување дрвја се спроведуваат и на 18 други локации во Скопје.
Дополнително, скопските средношколци денеска засадуваат дрвца во Миладиновци.
Оваа година, во рамки на 14. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ ќе бидат засадени над пет милиони дрвца на површина од 1.107 хектари низ територијата на цела Македонија. Мото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите“.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.