Контакт

Надворешна политика

Премиерот Груевски ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија на форум во Ченаи

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација, во понеделник имаше обраќање на бизнис форум во градот Ченаи, Република Индија на кој беа презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Градот Ченаи е најголемиот комерцијален и индустриски центар во Јужна Индија, каде главниот акцент е развојот на автомобилската индустрија, како и градежништвото, информатичката  технологија, филмската индустрија, а со БДП од 66 билиони долари е на листата на 10 најбрзо растечки градови во Индија.

 

Премиерот Груевски истакна дека Владата на Република Македонија е ориентирана кон поддршка на бизнисот и е пријателски расположена кон бизнис заедницата, отворена и достапна за контактирање.

 

„Ако има некој предизвик може лесно да дојдете до некој директор, министер и до премиерот. Ако дојдете и ги посетите странските компании кои инвестирале, тоа ќе ви го потврдат“, истакна премиерот Груевски.

 

Тој посочи дека Македонија постигна голем напредок во реформата на Централниот регистар.

 

„Ние сме број еден во Европа во однос на Централниот регистар и 6-ти во светот. Пред 12 години немавме Централен регистар, јас тогаш бев министер за финансии и добив задача да формираме Централен регистар. Тогаш норвешкиот регистар беше најдобриот во Европа за што отидов таму со делегација и видовме како работат. Сега 12 години подоцна Македонија има најдобар Централен регистар во Европа, подобар од норвешкиот и 6-ти во светот“, изјави премиерот Груевски на бизнис форумот.

 

Претседателот на Владата во своето обраќање, образложувајќи ги поволностите за инвестирање, истакна дека државата инвестира во отворени слободни економски зони каде што секој инвеститор во првите 10 години е ослободен од плаќање на данок на добивка и персонален данок. Посочи и дека во насока на понатамошна либерализација на движењето на капиталот се овозможи странски државјани слободно и директно да купуваат недвижности и градежно земјиште. Додаде дека се вложува и во развој на знаењето во информатичките технологии со што во последниот период значително се зголеми пенетрацијата на интернет, се отвори нов универзитет за информатички технологии каде се студира на англиски јазик, и се врши зајакнување и на останатите факултети за информатичка технологија.

 

Министерот Џери Наумоф потенцираше дека освен можноста за изградба на нови објекти за производство, на индиските инвеститори им стојат на располагање и готови простории кои може да се адаптираат за браунфилд инвестирање.

 

„Можеме да најдеме празни фабрики и тие да бидат отстапени под поволни услови, што е добра предност. Некои компании како Џонсон Контролс од САД одлучија да отворат нова фабрика и наместо да имаат застој во производството тие се лоцираа во една од празните фабрики и додека се градеше новиот капацитет тие беа во можност да донесат опрема, да вработат работници и направат обуки. Тоа е одлична можност за компаниите која им стои на располагање“, истакна Наумоф.

Заменик министерот Христијан Делев говореше за можностите за инвестирање во туризмот, како и олеснувањата кои им стојат на располагање на потенцијалните инвеститори. Тој истакна дека Македонија е место каде може да инвестираат индиските компании и да ја искористат предноста на добрата инфраструктура и даночните олеснувања, и останатите поволности кои се нудат за отпочнување на бизнис.

 

Директорот на Тајлор Рабер Груп и претседавач на индискиот Национален совет на индустријата, Тетра Ашок изрази задоволство од презентацијата и од условите кои Македонија ги нуди на странските инвеститори.

 

„Импресиониран сум од презентацијата на премиерот. Владата е пријателски настроена кон инвеститорите и отворена за партнерства, бенефициите кои ги нудите за водење на бизнис, даноците, поволностите за тренинг и обука се многу привлечни за индиските компании. Главната работа која што е суштинска за бизнисот е што Македонија може да биде база од која ќе се стигне до 650 милионскиот пазар во цела Европа. Многу е направено од премиерот и Владата, за Македонија да биде потенцијално место за инвестирање во повеќе сектори: фармацевтската индустрија, прехранбената индустрија, земјоделието, информатичка технологија. Задоволен сум што имав можност да слушнам многу позитивни и привлечни работи за можностите за инвестирањето на индиски компании во Македонија“, изјави Ашок. /крај/со/ст

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Трамп: САД ќе тргнат по погрешен пат ако продолжиме да примаме ѓубре во нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака сомалиски имигранти во САД, велејќи им да „се вратат од каде што...

Свет43 минути

Ербас ги проверува авионите А320 поради проблеми со металните панели

Авионскиот гигант Ербас најави инспекција на неодреден број свои авиони откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ кај металните...

Свет54 минути

Трамп: Документите, наредбите или договорите потпишани од Бајден со „автопен“ се ништовни

Американскиот претседател Доналд Трамп ги прогласи за ништовни сите документи потпишани од администрацијата на Џо Бајден со помош на автоматски...

Европа1 час

Шефот на украинската војска: Охрабрувачки информации доаѓаат од Купјанск

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, изјави дека украинските сили значително ја подобриле својата тактичка позиција во градот...

Свет1 час

Трамп ги паузира сите апликации за имиграција од 19 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде низа исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, откако неговата администрација објави дека ги...

Свет1 час

(Видео) Путин разговараше со човекот на Трамп пет часа: неговиот помошник даде значајна изјава

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стивен Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, траеше речиси пет часа,...

Свет8 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија10 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија15 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија18 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија20 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија21 час

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија21 час

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија22 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија23 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет1 ден

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет1 ден

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет1 ден

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...