Регион
Русија предупредува: Резолуцијата за Сребреница може да го `запали` Балканот
Усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) би можела да го запали балканот, оценил во изјава за агенцијата Тас, членот на одборот на руската Дума за евроазиски интеграции, амбасадорот Васили Лихачов.
Усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) би можела да го запали балканот, оценил во изјава за агенцијата Тас, членот на одборот на руската Дума за евроазиски интеграции, амбасадорот Васили Лихачов.
Сметам дека усвојувањето на резолуцијата, која во поглед на политичките последици би можела да донесе нестабилност, „им дава на Американците прилика да управуваат со линијата на новиот бран на балкански судири и би можела да доведе до тоа да се запали цел Балкан“, рече Лихачов.
Тој оценил дека ставот на Русија е да работи на стабилизацијата на регионот и додал дека проблемите од минатото не можат да се решаваат низ судир на интереси на различните етнички групи.
Според Русинот, единствениот начин за да се решат проблемите е преку мирна атмосфера и заемно почитување, со разбирање за заедничката иднина на тие луѓе./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:19 часот, во регионот Додеканез, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,45 и географска должина 25,51.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 100 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Регион
Голема потрага во Црна Гора, исчезна Ивона: „Таа е прекрасна мајка“
Службениците на Црногорската полициска управа интензивно трагаат по Ивона Савиќевиќ, самохрана мајка на девојче, која исчезна на 13 јануари во Подгорица, пишува Вијести.ме.
Савиќевиќ е родена 1983 година, а последен пат била видена во местото Штеке, кога возела металик сина „опел антара“. Носела портокалово-црна јакна, црни хеланки и црни чизми.
„Полицијата апелира до граѓаните доколку го забележат ова лице или возилото што го управувала кога исчезнала, како и други информации или сознанија кои можат да придонесат за нејзино пронаоѓање, да пријават во полиција на 122 или на најблиската полициска станица. Секоја пријава може да ја поднесе граѓанин и анонимно“, се вели во полициското соопштение.
Според полицијата, во потрагата ќе бидат вклучени технички можности, како и полициски хеликоптер. „Вашата помош и соработка во вакви ситуации се од суштинско значење, бидејќи секоја информација, без разлика на нејзината големина или релевантност, може да биде клучна“, додаваат од полицијата.
Во потрагата се вклучија и пријателите на Ивона.
Регион
Хрват од Истра предводел терористичка група, го поврзуваат со напади во Европа
Американскиот Стејт департмент во понеделникот го прогласи колективот Терорграм за терористичка група и воведе санкции за водачите на групата. Еден од нив е Хрват од Истра.
„Терорграм е транснационална терористичка група која оперира првенствено на социјалните медиуми и платформата за дигитални пораки Телеграм. Групата промовира насилен бел расизам, поттикнува напади врз перцепирани противници и обезбедува упатства и инструкциски материјали за тактики, методи и цели за напади, вклучително и критична инфраструктура и владини претставници. Групата исто така ги слави оние кои извршиле такви напади“, се вели во соопштението што го пренесе „Индекс“.
Групата ги поттикнала корисниците на Терорграм на напади, вклучително и пукање во октомври 2022 година пред ЛГБТ бар во Словачка, планиран напад на енергетски објекти во Њу Џерси во јули 2024 година и напад со нож во џамија во Турција во август 2024 година.
Во септември 2024 година, двајца водачи на американскиот терорграм беа обвинети. Во обвинението се наведени 15 точки, вклучувајќи поттикнување на извршување злосторства од омраза, поттикнување убиства на владини службеници и заговор за давање материјална поддршка на терористите.
Стејт департментот ги објави имињата на тројцата лидери на Терорграм:
Чиро Даниел Аморим Фереира е администратор на каналот Терорграм; Фереира е бразилски државјанин кој живее во Бразил.
Ноа Ликул е висок член. Тој е хрватски државјанин кој живее во Хрватска.
Хендрик-Вал Мулер е администратор на каналот Терограм; Мулер е државјанин на Јужна Африка кој живее во Јужна Африка.