Европа
Орбан: Различните визии за иднината на ЕУ, најголема закана за нејзиниот опстанок
Најголемиот предизвик на Европската унија е тоа што државите членки имаат различни визии за нејзината иднина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во текот на неговото излагање на форумот во чешката престолнина Прага.
Европската мигрантска криза претставува добар пример за спомнатиот предизвик, рекол унгарскиот премиер Виктор Орбан на форумот на премиерите на вишеградската група, пренесува агенцијата MTI.
Општо, постојат два различни начини на коишто земјите членки ја замислуваат иднината на Европската унија, смета Орбан, Едната од нив тврди дека светот е на работ од масивен, неизбежен бран миграции со коишто ќе мора да занаат да се справат членките на ЕУ, тврди унгарскиот премиер.
„Европа е силна, богата и искусна“,смета Орбан, инсистирајќи дека европската заедница е способна да осигури „ниедно лице да не влезе на нашиот континент и во нашиот свет без контрола и посебни дозволи“.
„Не сакаме да ја интегрираме миграцијата во своите животи, туку сакаме да го забавиме тој процес и да го контролираме, да го исклучиме од својот живот колку повеќе долго можеме“, рекол Орбан.
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка ја нарекол мигрантската криза најголем европски проблем, меѓутоа нагласил дека негово уверување е оти тоа нема да доведе до распаѓање на Европската унија.
Соботка смета дека многу поголем проблем е популизмот и незадоволството на европските граѓани, а како решението на тие проблеми го навел градењето доверба меѓу земјите членки, континуираниот дијалог и растот на кохезијата.
Зборувајќи за натамошните проблеми на ЕУ, Орбан рекол дека постои „криза на легитимитетот“ поради тоа што политичките елити на западните општества „не можат да ги поткрепат своите политики со економски успеси“, па луѓето повеќе не ги поддржуваат тие политики.
Во криза е и западната демократија, смета Орбан, поради тоа што постои голем јаз меѓу погледите на ситуацијата меѓу елитите, од една страна, и народите од друга. Го споменал и неуспехот на европската надворешна политика заснована на ткн „извоз на демократијата“.
„Интервениравме во Ирак, Либија и Сирија, но тие држави веќе не постојат, Всушност ги уништивме. Поради тоа многу луѓе ги губат надежите“, предупредил Орбан.
Словачкиот премиер Роберт Фицо рекол дека ЕУ е поблиску до фрагментација отколку до подлабока интеграција, додека полската премиерка Беата Шидло истакнала дека не е прифатливо раздвојувањето на Европската унија на помали унии.
„На Европа ѝ е потребен дијалог, и треба да се сослуша секоја членка“, рекла Шидло.
По отвораниот форум, премиерите одржале состанок на кој Чешката Република официјално го предаде ротирачкото претседателствување со Вишеградската четворка на Полска, која ќе претседава со групата четири источноевропски поранешни комунистички земји кои заедно ги водеа интегративните процеси во Европската унија.
Вишеградската четворка произлезе од во февруари 1991 година во унгарскиот град Вишеград на самитот на шефовите на држави на Унгарија, Полска и Чехословачка формираниот ткн Вишеградски триаголник. Во 1993 година по мирното меѓусебно раздружување меѓу Чешка и Словачка, станува всушност Вишеградска четворка и сите четири држави на 1-ви мај 2004 година станаа членки на Европската унија,/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.
Европа
Поранешен руски заменик-министер пронајден мртов: „До телото пронајдено оружје“
Поранешниот руски заменик-министер за труд и социјална заштита Алексеј Скљар изврши самоубиство, објави „Московски комсомолец“. Според весникот, телото на поранешниот функционер е пронајдено во неговиот дом во селото Поповка, во областа Филимонковски. Веста ја објави и руската државна новинска агенција ТАСС.
„Московски комсомолец“ објавува дека пред смртта, Скљар оставил проштална порака на социјалните мрежи во која изјавил дека сè е вина на неговата сопруга. Итните служби пристигнале на местото на настанот и забележале дека вратата од домот на Скљар е отворена.
Неговото тело било веднаш на влезот. Во близина на телото е пронајден пиштол.
Алексеј Скљар бил заменик-министер за труд од 2018 до 2022 година. Тој бил одговорен за развој на информациски системи и обезбедување на владини услуги по електронски пат. Пред тоа, тој работеше во канцеларијата Краснодар на Федералното министерство за финансии од 2002 до 2013 година, а потоа во Сметководствената комора на Руската Федерација од 2013 до 2018 година.
Европа
Поларен студ се очекува во Европа кон крајот на јануари
После декември со претежно стандардно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е под снежна покривка, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови.
Во исто време, се развива голем сибирски антициклон, кој би можел да насочи многу студен, можеби поларен, воздух кон југ кон крајот на месецот. Влијанието на атлантските циклони е ослабено и не се очекуваат долготрајни јужни ветрови во блиска иднина, пишува IstraMet.
Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Веќе во недела, температурите на воздухот ќе се спуштат на просечни нивоа за ова време од годината. Ова ќе биде и вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.
Позначајна промена е можна кон крајот на јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Таквиот развој на синоптичката ситуација би можел да го помести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од тој воздух ќе стигне до нашиот регион. Сè уште е прерано да се прават подетални прогнози.

