Надворешна политика
Данска ја подржува Македонија преку Копенхашките критериуми и глас во Советот на ЕУ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски во петокот во Копенхаген имаше средба со својот дански колега, министерот за надворешни работи Мартин Лидегард, како и со министерот за трговија и развојна соработка Могенс Јенсен.
Македонија особено ја цени поддршката од Данска за што поскоро отпочнување на пристапните преговори меѓу Македонија и Европската унија. За време на данското претседавање со ЕУ се отворени и потоа затворени преговорите за последното големо проширување.
„Данска ја подржува Македонија на два начина: преку Копенхашките критериуми и преку глас во Советот на ЕУ за фер проширување. Како земја која била дел од првото проширување чувствува должност да не подржува на тој пат. Денес предизвикот е двоен: прво, од политички опортунизам дома; второ, од уцена надвор за идентитетско право. За двата предизвици ни треба одговорен однос и јасна акција надвор, од пријателите на европската идеја за обединување околу вредности. Данска е сигурно во таа група која може да помогне“, потенцираше Попоски.
Данските соговорници ја повторија поддршката на процесот на проширување на Европската унија, како и за данското расположение Македонија што поскоро да ја види како рамноправна членка на НАТО алијансата.
Во рамките на посетата Попоски го потпиша Договорот за поттикнување и заштита на инвестициите со данскиот министер за трговија и развојна соработка Јенсен. Во таа пригода двајцата министри истакнаа дека со договорот се создаваат поволни услови за продлабочување на соработката во економската сфера и особено за зголемување на обемот на данските инвестиции во Македонија.
За време на престојот во Копенхаген, Попоски оствари средба и со претставници на данско-македонската бизнис мрежа во врска со иницијативата за формирање македонски бизнис – културен центар во Копенхаген./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.