Политика
СДСМ: Груевски и одговорните бегаат од Надзорната за поплавите
Опозициската СДСМ обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, како и надлежните бегаат од Надзорната комисија за поплавите, која се одржа само еднаш и од тогаш не продолжи, а одговори за тоа како се случи да загинат 23 лица во поплавите во скопско, никој не даде.
Опозициската СДСМ обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, како и надлежните бегаат од Надзорната комисија за поплавите, која се одржа само еднаш и од тогаш не продолжи, а одговори за тоа како се случи да загинат 23 лица во поплавите во скопско, никој не даде.
„Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници се исплашија од првата седница на Надзорната комисија за поплавите пред 11 дена, видоа дека вистината за нивната одговорност ќе исплива на површина, и од тогаш прават се за да не продолжи. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака никогаш да се одржи надзорната расправа бидејќи не сака јавноста да ја дознае вистината. Токму затоа губи време обидувајќи се да ја смени досегашната прaктика за одржување надзорни расправи, во очекување дека ќе помине времето и ќе се распушти Парламентот, па ќе избегнат одговорност“, рече Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ, на прес-конференција, во вторник во СОбраниетоТој потенцира дека Надзорната расправа мора да продолжи со работа, а Груевски и другитер надлежни мора да се појават и да одговорат како се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња, поради немање канализација и неисчистени канали.„На обвинетиот Груевски, како и на Никола Тодоров, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Михаил Цветков, Владо Мисајловски, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Жарко Караџовски, Оливер Ромески, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу, да им биде јасно – се појавиле на надзорната или не, одговорност ќе има“, рече Сугарески. Надзорната расправа која се одржа пред десетина дена беше опструирана бидејќи не можеше да се утврди редоследот на оние кои ќе одговараат на прашања, ниту пак по колку време се има за прашање и одговор. По барање на пратениците на СДСМ покана е испратена до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како сведоци ги повикаа поранешните премиери од СДСМ Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.