Контакт

Надворешна политика

Иванов во Дубровник на состанок од „Брдо-Бриони процесот“

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов во вторник во Дубровник ќе учествува на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“, неформална иницијатива за соработка меѓу земјите од регионот за интеграциите во евро и евроатлантските организации.

dobivaj vesti na viber

 

На состанокот ќе учествуваат претседателите на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, на Албанија Бујар Нишани, на Косово Артифе Јахјага, како и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комчиќ, Небојша Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ, а ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

 

На состанокот ќе се разговара за политичката состојба и односите во регионот, продолжувањето на политиката за проширување на ЕУ, како и за клучните инфраструктурни проекти во овој дел на Европа и енергетската политика.

 

Иванов во понеделникот во Цавтат се обрати пред учесниците на бизнис собирот „Самит 100 – договор за новото време“./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката...

Свет2 часа

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре доколку денешните мировни преговори за Украина...

Регион3 часа

(Видео) Инциденти пред зградата на судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија4 часа

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и под палмите во Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.5 2025...

Европа4 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија4 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народната банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет5 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа7 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавувањето дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа7 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија23 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија1 ден

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија1 ден

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија1 ден

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија1 ден

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет1 ден

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет1 ден

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија1 ден

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...