Црна хроника
Најдено изгорено тело на старец од тетовско

Изгорено тело на маж утрово било најдено на ливада покрај земјениот локален пат што ги поврзува тетовски села Јегуновце и Пршовце.
Станува збор за седумдесет и три годишниот Б.Ц. од село Јегуновце кој синоќа бил пријавен за исчезнат. Покрај телото кое било значително изгорено, на оддалеченост од два три метри најдена е пластична канта со непозната запалива течност и запалка. Телото на старецот го нашол негов сосед и роднина кој синоќа пријавил во полиција дека старецот дента околу 9 часот излегол од куќата во која живееле сам и не се вратил. Старецот наводно заминал за Тетово. Местото веднаш е обезбедено од полициски службеници на СВР Тетово, а нешто подоцна извршен е увид, со учество и на јавен обвинител и лекар по судска медицина. Предметите кои се најдени ќе се вештачат, а по наредба на јавен обвинител на телото ќе се врши обдукција./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Притвор за српски државјанин кој кај Гевгелија возел со лажни италијански таблички

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за фалсификување исправа.
Осомничениот на 24 јули, на регионалниот пат Гевгелија – Богданци управувал автомобил Фолксваген поло со лажни италијански регистарски таблички.
Полициски службеници во близина на раскрсницата Ѓавато му дале светлосен знак да застане за да извршат редовна контрола. Но осомничениот не запрел туку го забрзал возилото, а полицајците го следеле. Кај местото викано „Карпи“ го оставил автомобилот и побегнал, но по кратко време бил пронајден. Полицијата констатирала дека осомничениот не поседува сообраќајна дозвола или каква било друга документација за да се утврди потеклото на возилото, додека регистарските таблици припаѓаат на друго возило.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија определи мерка притвор во траење од осум дена за осомничениот.
Црна хроника
Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Радање и трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од С.И. (45) од с.Голем Габер, општина Карбинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

АМСМ информира за прекин на сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка поради сообраќајна несреќа.
Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај ресторан „Фемили“ од 13:00 часот е во прекин, соопштија надлежните.