Контакт

Европа

Оланд: Терористот во возот ‘Thalys’ имал арсенал за масовно убиство

Објавено пред

Терористот кој во експресниот воз „Thalys“ со автоматска пушка и нож во петокот повреди тројца патници од кои едниот американски маринец на линијата Амстердам – Париз, кај себе имал доволно оружје да изврши масовно убиство, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, во Елисејската палата на церемонијата на доделување на признанијата на лицата кои го оневозможија напаѓачот.

dobivaj vesti na viber

Францускиот претседател Франсоа Оланд, инаку, е првиот кој 26-годишниот Мароканец Ајуб ал-Казани го нарече терорист. Претходно француските власти се воздржуваа од давање квалификации за нападот во возот „Thalys“. Оланд, исто така, додаде дека Франција ќе ги преземе сите мерки за подобрување на безбедноста во јавниот транспорт.

На свеченоста во Елисејската палата учествуваа и францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс, неговиот белгиски колега Шарл Мишел, како и амбасадорот на САД во Париз, Џејн Хартли.

Францускиот челник со орденот на Легијата на честа ги награди четворица патници, кои го спречија, како што рече, терористичкиот напад во експресот „Thalys“. Орденот „витез“ од Оланд го примија американските војници кои патувале на отсуство 23-годишниот Спенсер Стоун, 22-годишниот Алекс Скарлатос и нивниот пријател 23-годишниот студент Ентони Седлер. Покрај нов, одликуван беше и 62-годишниот британски бизнисмен Крис Норман.

„Вашата смелост овозможи да се спасат животите на луѓето кои се наоѓаа во опасна ситуација. Вашето дејствување претставува пример. Вие со голи раце се нафрливте врз вооружен човек. Терористот кој беше во возот Thalys, располагал со доволно оружје за да изврши масовно убиство“, рече францускиот претседател.

„За своите постапки, за ова прекрасно хумано дело, вие го добивате највисокото признание на Франција“, истакна Оланд.

Во соопштението на Елисејската палата се додава дека признание ќе му биде одадено и на француско-американскиот државјанин Марк Могалијан, кој во нападот беше тешко ранет од огнено оружје. Тој инаку живее во Париз и е професор на знаменитиот универзитет Сорбона.

Високо француско одликување, исто така, ќе добие и 28-годишен Французин кој прв се нафрлил кон вооружениот напаѓач. Станува збор за економист по професија, кој не сакал неговото име да биде споменувано во медиумите, кои дознаваат дека работи во Холандија, во една од тамошните филијали на француска банка.

Засега е познато дека Мароканецот Ајуб ал-Казани, ков во возот се качил во Брисел, бил вооружен со автоматска пушка „калашников“ со девет рамки со 270 куршуми, а кај него се пронајдени и автоматски пиштол во воен модел и нож.

Во саботата беше објавено и дека француските безбедносни служби претходно издале предупредување за неопходност од неговото апсење доколку тој се појави во Франција. Безбедносни извори претходно го идентификувало како лице кое престојувало во Сирија.

Министерот Казнев изјави дека ова лице во 2014 година престојувало во Шпанија, каде што според француските служби посетувале проповеди на радикални муслимански свештеници, а во 2015 година престојувало во Белгија. Во Брисел се качил на возот „Thalys“, а белгиското обвинителство во саботата најави отворање истрага врз основа на тамошниот антитерористички закон./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции, повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Според Ушаков, Путин детално ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.

Трамп и Путин се согласија во четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откако најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.

Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Започнува судењето на бездомничката од Алжир која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Објавено пред

Денес започнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокираше Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.

dobivaj vesti na viber

Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петок, 14 октомври 2022 година.

Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка која престојувала во станот на нејзината сестра во истата зграда.

Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Час и половина подоцна, камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези, вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.

Случајот брзо доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеци пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.

За време на истрагата, Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот Фресне, јужно од Париз.

Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.

dobivaj vesti na viber

Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.

„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.

Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.

„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион3 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет4 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија4 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет14 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија18 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија21 час

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија22 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија23 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија24 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија24 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...