Регион
УНС:Неетичко известување за случајот Тијана Јуриќ

Здружението на новинари на Србија (УНС) ги предупреди колегите дека уредниците и новинарите секогаш се должи да се придружуваат до етичките норми и Кодексот на новинари, особено кога известуваат за трагични настани кои погодуваат не само поединци и нивните семејства, туку целата јавност.
Игор Јуриќ, таткото на убиената Тијана Јуриќ, изјави дека одделни медиуми биле сурови, го уценувале дека доколку не им даде изјава нема да ја објават фотографијата од исчезнатот девојче и дека покрај потрагата за исчезнатот дете морал да се бори со неосновани текстови, се наведува во сопштението објавено на сајтот на УНС.
Без проверка и без релевантни извори за време на потрагата за Тијана, нејзиниот татко е обвинет дека имал долгови кон лихвари.
УНС истакнува дека новинарите во прибирањето на информации не смеат да се служат со изнуда, закана и прогонување на изворот.
Според професионалните стандарди, новинарите не смеат да ветуваат поволно известување во замена за информации.
Во моментот кога девојчето се водеше за исчезнато, објавувањето на нејзина фотографија би значело зголемување на шансите што поскоро да биде откриено.
УНС потсетува дека Кодексот им налага на новинарите во извештаите за настани кои вклучуваат личен бол и шок да имаат сочуство кон луѓето со кои разговараат.
Кодексот исто така ги обврзува медиумите да ги штитат правата и достојанството на децата.
УНС бара од колегите кога известуваат за случаи кои длабоко ја потресуваат јавноста да ја почитуваат претпоставката за невиност и да прават јасна разлика помеѓу факти, препоставки и нагаѓања.
Еклатантнет пример за кршење на нормите е текстот под наслов „Што ги чека монструмите во затвор: Го проколнуваат денот кога се родени!, објавен на еден сајт, се вели во соопштението на УНС./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.