Европа
Габриел го критикуваше Шојбле поради предлогот за Грција

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел го критикува во телевизиско интервју колегата во ситата влада министерот за финансии Волфганг Шојбле, бидејќи вториот сугерираше дека Грција привремено треба да ја напушти еврозоната.
Во текот на тешките преговори меѓу Атина и нејзините меѓународни доверители и челниците на еврозоната околу третиот пакет финансиска помош за спречување на банкрот и принудното излегување од еврозоната, кога грчката влада ја одби понудата од доверителите, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле препорача Грција на пет години да го суспендира своето членство во зоната на еврото за да се фати во костец со своите големи економски проблеми. Меѓутоа, Зигмар Габриел, кој доаѓа од коалициската во власта Социјалдемократска партија (SPD), оваа идеја ја гледа како потенцијална иницијална каписла за зголемување на тензиите со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел по прашањето на грчката должничка криза.
„Според моето мислење, не беше мудро да се изнесува такво нешто како германска сугестија“, смета Габриел, кој ја извршува и функцијата вицеканцелар, во интервјуто коешто ќе биде емитувани во неделата навечер на програмата на јавниот сервис ZDF.
Габриел смета дека Шојбле, како член на конзервативната демохристијанска коалиција CDU/CSU, на тој начин сакал да ги испровоцира германските социјалдемократи, кои инаку имаа во почетокот поблаг став кон политиките на левичарскиот грчки премиер Алексис Ципрас, но при крајот на преговорите особено кога тие западнаа во ќорсокак, го загубија трпението и симпатиите кон Сириза.
„Сметам дека тоа требаше да се стори на поинаков начин, особено бидејќи Шојбле знаеше дека ние од Социјалдемократската партија сме подготвени да разговараме со Грците за напуштање на еврозоната исклучиво доколку тие самите тоа го сакаат“, вели Габриел во промотивно емитуваните исечоци од пообемното интервју.
И покрај тоа што Шојбле тврди дека кога станува збор за предлогот, бил согласен со својот коалициски партнер, Габриел како челник на социјалдемократите тврди дека за деталите од предлогот слушнал дури откако за нив почнало да се зборува во Брисел. Додава и дека Шојбле е во голем судир со канцеларката Меркел, којашто истакна дека привременото излегување на Грција од еврозоната „нема да мине“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.
Европа
Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал.
„Го кажувам ова со самокритика – задачата е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година. Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија“, рече Мерц во саботата за време на говорот во северниот германски град Оснабрик.
Податоците објавени во петокот покажаа дека германската економија се намалила повеќе отколку што првично се проценувало во вториот квартал. Економската активност во Германија се намалила за 0,3 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, пад што е за 0,2 процентни поени посилен од оној што го покажа прелиминарната проценка.
„Никој не треба повеќе да има илузии за тоа колку се длабоки и далекусежни предизвиците со кои се соочуваме“, им рече Мерц на членовите на неговата партија Христијанско-демократска унија (CDU) во Долна Саксонија, покраината каде што е седиштето на производителот на автомобили „Фолксваген АГ“.
Тој го посочи падот од 36% на профитот по оданочување на „Фолксваген“ во вториот квартал како само „една од многуте пораки“.
„Големи делови од нашата економија повеќе не се конкурентни, а тоа е прашање на ценовна конкурентност“, предупреди Мерц, без да ги именува компаниите.
„Квалитетот е сè уште добар и раководителите на компаниите ги препознаваат овие предизвици. Но, основните услови во Германија едноставно не беа доволно добри во последната деценија“, додаде тој.
Откако ја презеде функцијата оваа година, Мерц вети сеопфатни реформи насочени кон намалување на бирократијата, модернизирање на инфраструктурата и зголемување на домашната побарувачка. Неговата влада планира да инвестира стотици милијарди евра во патишта, мостови и вооружени сили за да ја зголеми продуктивноста.
Во саботата, тој ги истакна новите даночни олеснувања за деловните инвестиции и го повтори своето противење на зголемувањето на даноците за средните компании. Тој, исто така, призна дека американската царина од 15% за германскиот извоз би била товар за економијата, но предупреди дека отворената трговска војна со Вашингтон би можела да биде многу полоша.
фото: принтскрин