Црна хроника
Една сопатничка тешко повредена, уште пет лица полесно повредени во верижен судир на патот Тетово – Јажинце

Една сопатничка е тешко повреено, а уште други пет се полесно повредени во верижен судир меѓу три возила што се случил во четвртокот попладне во 17.10 часот на регионалниот пат тетово – Јажинце.
Во несреќата се судриле автомобил „југо“ со тетовски регистерски ознаки со којшто управувал четириесетгодишен жиетел на селото Рогачево, автомобил „мерцедес“ со косовски регистерски ознаки управувано од триесет и едногодишен косовски државјанин од селото Глобочица и автобус „Ман“ со гостиварски регистерски ознаки со којшто управувал педесет и осумгодишен гостиварец.Во несреќата тешко повредена е триесет и тригодишна сопатничка на „југото“ од село Рогачево која од Клиничкиот центар во Тетово е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Полеснио повредените биле пренсени во Клиничкиот центар во Тетово од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Два автомобили и автобус се судрија на патот Кичево – Гостивар, повредени деца

Вчера во 10:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(44) од с.Стрелци, кичевско, „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д.(44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П.(46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево.
Известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обид за убиство во хотел во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Според информациите на МВР, на 25 јули во хотел на охридското крајбрежје во Охрид, тој физички нападнал жител на Скопје, при што употребил и нож, по што набргу бил совладан и уапсен.