Црна хроника
Хирург од Прилеп примил поткуп од 600 евра

Хирург од Прилеп примил поткуп од пациент од околу 600 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Шеесет иедногодишниот М.Н., вработен како доктор специјалист хирург, земал поткуп од пациент за лекарски прегледи и хируршка интервенција, како и за постоперативни контроли.
Според изјавата на пријавителката во полиција, хирургот побарал и примал парични средства во вкупен износ од 24.000 денари, како и парични средства во вкупен износ од 12.000 денари, во текот на контролите во месеците февруари, март, април и мај 2014 година, со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 36 000 денари.
Против М.Н. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање поткуп“, а од страна на судија одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.