Компании
Вип претстави VoLTE услуги базирани на виртуелна технологија
Вип оператор презентираше нова услуга VoLTE, која овозможува значајно влијание врз разноликоста на услугите во главните мрежи, благодарение на можностите на безжичните мрежи, како и мобилните уреди.
Со оглед на фактот дека VoLTE (Voice over LTE/ Пренос на глас преку ЛТЕ мрежа) и VoWiFi (Voice over WiFi/ Пренос на глас преку WiFi) бара главна мрежа која е способна, скалабилна и униформна, со цел да ги обезбеди услугите на иднината, во вторникот беше претставен концептот за VoLTE/VoWiFi услугите преку целосно виртуелно решение базирано на NFV (Network Functions Virtualization/ Виртуелизација на мрежни елементи).
Овој концепт на NFV и решението на Вип оператор, денеска беше официјално претставен од страна на Гунтер Отендорфер, Главен технички директор на Телеком Австрија
Групацијата. На презентацијата беше покажано дека во наредните години корисниците ќе добиваат услуги кои се засновани на виртуелизирана и скалабилна технологија, со што ќе се овозможи целосна искористеност на потенцијалот на корисничките уреди и мрежните капацитети преку едно непрекинато оптимално искуство.
Основата на демото на VoLTE се потпира на стандардот за виртуелизација на мрежни елементи (NFV). NFV претставува нов технолошки тренд кој се состои од стандардизирана работа на разни типови на мрежни елементи на стандардни комерцијални хардверски системи и уреди за чување на податоци. Мрежните функции се софтвер, кој се создава и може да биде активиран од било кој дел од мрежата во зависност од потребите. NFV ја заменува употребата на специјално израдена опрема од страна на производителите, и е отворена за употреба на истиот начин како и хардверот што се користи и за ИТ системите.
Ова значи дека Вип оператор ќе може во иднина поедноставно да конфигурира, пушта во употреба и работи со услугите, со што се зголемува фокусот кон корисникот.
-„За Телеком Австрија Групацијата, NFV технологијата претставува промена на парадигмата која ќе има големо глобално влијание врз телекомуникациската индустрија во наредните години. Традиционалниот свет на ИТ поделен во силоси, нема да постои повеќе и телекомуникациското опкружување ќе биде поинаку обликувано. Горд сум со фактот што Групацијата е меѓу првите оператори во светот што ги поставува овие трендови“,Отендорфер.
Истотака, Вип оператор го претстави зголемувањето на покриеноста со својата 4Г ЛТЕ, која сега ги опфаќа градовите Скопје, Куманово, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци, Кочани и Струга, и продолжува да биде 4Г ЛТЕ мрежа со најголема покриеност во Македонија.
„Напредната 4г ЛТЕ мрежа со мобилни уреди кои поддржуваат VoLTE е предуслов за овозможување на технолошки иновации и во иднина да може да се понудат овие услуги за корисниците. Посветени сме и остануваме посветени кон тоа да им ги понудиме најновите технологии на нашите корисници, и затоа постојано инвестираме во подобрување на нашите услуги и системи. Ми претставува особено задоволство што Вип е меѓу првите оператори во регионот кои успешно го тестираат VoLTE, со што придонесуваме кон стратегијата за иновации на Телеком Австрија Групацијата“, истакна Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.
Тестирањето на VoLTE/VoWiFi беше направено со комбинирање на ЛТЕ технологијата на Вип и решението за виртуелизација на мрежни елементи (NFV) на Мавенир. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

