Црна хроника
Повторно ќе му се суди на Хаџиски

Основното јавно обвинителство Скопје даде позитивно мислење за повторување на постапката, по барање на обвинетиот Миле Хаџиски, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.
Воедно, сметајќи дека има основа да се верува дека обвинетиот ќе се даде во бегство, обвинителството предложи до судот определување на мерката притвор.
Од страна на судот предлогот беше прифатен, па со Решение е определен притвор на обвинетиот во времетраење од 30 дена.
Миле Хациски беше осуден во отсуство на 20 години затворска казна, бидејќи судот утврдил дека во јуни 1993 година со нож ја убил Мери Јошевска,нанесувајќи и 40 убодни рани.
Хаџиски ги искористил тогашните недоречености во однос на притворот и побегнал во Франција, каде 20 години живеел под лажен идентитет. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.