Црна хроника
Украл автомобил, му пукнала гума и предизвикал сообраќајка
Тинејџер од Скопје украл автомобил, заминал за Охрид, на Стража му пукнала гума, зад него се случила сообраќајка, застанал да помогне и завршил во притвор.
Имено, СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „одземање моторно возило“ за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Тинејџерот, на 27/28 ноември се упатил на ул.„Македонска преродба“ и откако се уверил дека нема да биде забележан од никого влегол преку незаклучената врата во дворот, се доближил до автомобил марка „Ауди А4“ караван со скопски регистарски ознаки и забележал дека на контакт бравата се оставени клучеви од возилото
Си влегол во возилото, го стартувал и го напуштил местото на настанот упатувајќи се кон Охрид.
На патот кон Охрид, на Стража движејќи се со одземеното возило му пукнала гума, а зад него се случила сообраќајна незгода. Тој застанал за да им укаже помош на лицата, а тие го обвиниле дека бил причинител за настанатата сообраќајна незгода, по што сите заедно заминале во полициската во Струга.
Откако пристигнале во полициската станица од полицајците провериле и утврдиле дека по возилото се трага бидејќи било предмет на извршено кривично дело „кражба“.
Со пријавениот М.Д. бил извршен разговор во кој во целост го објаснил начинот на извршување на кривичното дело./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

