Европа
Порошенко вели дека се смирува судирот во источна Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко во разговорот за локална телевизија во петокот навечер оцени дека во тек е смирувањето на судирите на рускојазичниот исток на Украина, во кој од април 2014 година загинале најмалку 5.600 луѓе.
„Можам да кажам дека веќе неколку денови немаме човечки загуби, и тоа е јасен знак дела трае смирувањето“, на ситуацијата, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко за телевизијата 1+1.
Смирувањето на ситуацијата во источна Украина е регистрирани последните неколку седмици, каде што вториот прекин на огнот стапи од полноќ на 15-ти февруари. Украинските власти и натаму предупредуваат на наводно концентрирање на противничките сили по должината на линијата на раздвојувањето. И властите на самопрогласените ткн „народни републики“ во Донецк и во Луганск предупредуваа дека и украинската армија е прегрупира на боиштето доведувајќи нови единици и воената техника и оти наводно се подготвува за своевиден „блиц криг“.
Порошенко прецизираше во разговорот дека ситуацијата е и натаму напната, особено околу урнатините од меѓународниот аеродром крај Донецк, кој бунтовниците го заземаа во јануари по жестоките борби и во селото Широкине, десетина километри од пристаништето Мариупол, последниот голем град на југоистокот од Украина кој го контролира Киев. Ова пристаниште на брегот на Азовското Море, иако со мнозинско рускојазично население,од април минатата година е под контрола на силни украински единици на Националната гарда и доброволечките баталјони.
Порошенко притоа рече дека е сигурен дека доколку се случи поголема офанзива на проруските бунтовници, Западот сигурно ќе ја поддржи Украина со испраќање смртоносно оружје.
САД, имено, ја засилија воената помош за Украина и најавија дека засега ќе ѝ испорачаат ткн несмртоносна воена опрема вредна 75 милиони долари, но претседателот Барак Обама и натаму одбива да го примени законот на за испраќање на смртоносно оружје за Киев што го донесе Конгресот. На таквите најави Русија, пак, го обвинува Вашингтон дека ги поттикнува воинствените струи во Киев на воено решавање на кризата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин