Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Македонија ќе го интензивира процесот на реформи за поскора интеграција во ЕУ и НАТО

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во средата во рамките на посетата на САД оствари средби со претставници на фондацијата „Херитиџ“, МекКејн Институтот за лидерство и со Сали Пеинтер, член на Бордот на Директори на Труман фондацијата за национална безбедност.

 

На средбите беше ставен акцент на успехот на Македонија во справувањето на мигрантската криза и начинот на соработка со земјите од регионот и беше разговарано за заложбата на македонската влада за организирање фер и демократски избори наредниот месец, со што би се ставил крај на политичката криза која владее во земјата.

 

Јолевски даде уверување дека по изборите Македонија со забрзано темпо ќе ги интензивира реформите кои се пред се значајни за граѓаните на Македонија, а со тоа и ќе се овозможи полесна интеграција на Македонија во евроатлантскиот сојуз.

 

Вечерта во полната сала на реномираниот Институтот за мир на Соединетите држави во Вашингтон, по седми пат се одржа традиционалниот Концерт за Денот на благодарноста со кој се одбележува стратегиското партнерство меѓу  САД и Македонија. Македонските уметници, композиторот и пијанистот Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Лумановски со речиси двочасовниот настап ја воодушевија публиката.

 

Јолевски имаше свое обраќање пред присутните гости,  од Стејт Департментот, Пентагон,  од Сенатот и Конгресот, претставници од дипломатскиот кор, невладиниот сектор и македонската дијаспора  Во оваа прилика тој ја истакна одличната соработка меѓу Македонија и САД и искажа благодарност за досегашната поддршка и стратешкото партнерство во областа на одбраната, образованието и науката, здравството, трговијата и инвестициите и други области.

 

Јолевски во четврток отпатува за Канада каде ќе говори на Форум на тема „Мигрантската криза и нејзиниот импакт врз земјите од т.н. Западен Балкан, ЕУ и НАТО“, на Универзитетот Карлтон во Отава. Воедно во текот на денот ќе се сретне и со спикерот на канадскиот парламент Џорџ Фуреј./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп воведе царини за увоз од сите земји, за ЕУ царина од 20 отсто

Претседателот Доналд Трамп денеска објави царини од најмалку 10 отсто за практично сите стоки кои доаѓаат во Соединетите држави, плус...

Македонија5 часа

Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан „царот“: „Го видов Палчо со пиштол и се слушна тап истрел“

По барање на одбраната на Влатко Кешишев, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо беше отстранет од судницата оти му било страв да зборува...

Македонија6 часа

Давкова благодарна до сите земји кои ни помогнаа по трагедијата, објави листа на државите кои пружија помош

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави...

Македонија7 часа

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре ќе остварат средба во владината зграда. Претходно денес, Мицкоски изјави...

Македонија9 часа

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500,...

Македонија10 часа

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои...

Македонија12 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија12 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија12 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија13 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ13 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија15 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија17 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија18 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија18 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија19 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија19 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија1 ден

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија1 ден

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија1 ден

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...