Скопје
Скопскиот градоначалник Трајановски на терен во поплавените населби

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на градот и на јавните градски претпријатија ги продолжуваат деноноќните активности на терен за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.
До доцните вечерни часови градоначалникот Трајановски на терен во населеното место Сингилиќ ги координираше активностите на екипите на Штабот за заштита и спасување, кои со поголем број на возила и механизација го расчистуваа главниот пат низ ова населено место и работеа на расчистување на повеќе улици во ова населено место. Возилата покрај отстранување на наносите од кал, со багери ја собираа и целата уништена покуќнина која ги блокира споредните улици, информираат од службата за односи со јавноста на македонската престолнина.
Во текот на ноќта увид во работата на терен изврши и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.
Во петокот градоначалникот Трајановски активно се приклучи да им помогне на жителите од Инџиково во расчистување на дворовите и домовите кои претрпеа големи штети од силното невреме.
Во Инџиково процесот на црпење на водата од домовите и дворовите е во најголем дел завршен, а сега се работи на расчистување на домовите и дворовите од уништената покуќнина и останати предмети. /крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.