Црна хроника
Едно лице прободено со нож во физичка пресметка на деликвенти од Скопје
Едно лице било прободено со нож во физичка пресметка помеѓу повеќе лица од Скопје, кои, како и повредениот, се сторители на повеќе кривични дела, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во врска со инцидентот биле приведени две лица, а на едниот од нив му е одредена мерка притвор од 30 денови.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 20-ти септември, околу 23,40 часот, од службено лице за обезбедување во ГОБ „Наум Охридски“, каде што повредениот 24-годишен скопјанец бил примен со убодна рана во ногата, при што истиот инсистирал случајот да не се пријавува, а кога бил упатен на рентген, самоволно ја напуштил болницата, без да му се укаже помош.
Околу 01,20 часот, тој поторно се вратило во ГОБ „Наум Охридски“, барајќи да му се укаже лекарска помош и да се извести полиција. По укажаната помош повредениот се упатил во полициска станица „Центар“, каде го пријавил настанот.
Според исказот даден пред полициските службеници, на 20-ти септември околу 23,30 часот на ул. „Народен Фронт“ додека повредениот го паркирал своето возило, патот му бил попречен од автомобил „БМВ“ управуван од С.К.(22). Од возилото излегол Ф.Ц. (17) со пивско шише во раката и кога стигнал до возилото го скршил шишето од ветробранското стакло и преку отворениот прозорец физички го нападнал оштетениот, кој бил со уште двајца другари, негови врсници. Во моментот додека траел нападот оштетениот се обидел да го придвижи возилото наназад и да го избегне нападот, но во тоа не успеал, а од другото возило излегло уште едно лице маскирано со фантомка, кој му нанел неколку удари по глават и телото и го прободел со остар предмет.
По пријавувањето на кривичното дело, Ф.Ц. и С.К. биле повикани во службените простории на Единицата за насилен криминал, каде истите во присуство на адвокат во целост негирале било каква поврзаност со настанот, по што било извршено препознавање на кое оштетениот и двајцата врсници кои биле со него во возилото, со сигурност ги посочиле пријавените како извршители.
Против Ф.Ц.(17), е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека сторил кривично дело „насилство“, а против С.К.(22) поради основано сомневање дека бил соизвршител во кривичното дело. На Ф.Ц. судот му е одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Инаку, двајцата пријавени, но и оштетениот, се регистрирани нарушители на јавниот ред и мир, како и сторители на кривични дела проследени со насилство, недозволена трговија со дрога, недозволено поседување на оружје и имотни деликти.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Командир и четворица полицајци од Чегране прикривале дивоградба
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,попречување на правдата“.
Пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.
Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.
Против полициските службеници ќе биде поднесен предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

