Црна хроника
Тројца тешко повредени во две сообаќајки
Три лица се тешко повредени, а уште четворица се полесно повредени во две сообраќајни несреќи што се случиле во вторникот.
Првата сообраќајка се случила во 13.10 част на регионалниот пат Виничка крстосница-село Стојмирово. Се судриле автомобил „мерцедес А класа“ со винички таблици управувано од четиресет и петгодишна жена од село Блатец и автомобил „опел вектра“, управувано од дваесети и едногодишно момче од Кочани. Со тешки повреди се здобила жената, возач на „мерцедесот“ и била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, а момчето со телесни повреди било пренесено во Општата болница во Кочани.Втората сообраќајка се случила вечерта околу 21.40 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода. Во сообраќајката се судриле автомобил „фолкваген поло“ кој го управувале дваесет и шестгодишен скопјанец и „рено“ кое го управувал триесет и деветгодишен скопјанец.Во несреќата тешко повредени се двајцата возачи и се пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски’, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од „полото“, двајца од Грчец и еден од Скопје./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

