Македонија
Комплетно се уреди дворното место во ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп
Дворот во ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп комплетно е уреден, а вредноста на проектот кој опфаќаше изградба на паркот, патеки со бекатон плочки, поставување на клупи и друга урбана опрема изнесува околу 400.000 денари, средства обезбедени од буџетот на локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ Прилеп, кој го изработи ова преуредување.
„Партерно се уреди целото дворно место во ОУ „Добре Јованоски“, уредени се зелените површини и е направен еден прекрасен парк каде слободното време ќе можат да го поминуваат учениците и сите оние кои ќе ја користат новозградената спортска сала во ова училиште. Во дворното место претходно се изгради спортска сала и игралиште со вештачка трева за мал фудбал, така што постепено ова училиште и дворното место прераснуваат во еден прекрасен спортски комплекс кој може да го користат не само учениците туку и сите жители од населбата Тризла и градот“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Од ОУ „Добре Јованоски“ велат дека ова катче ќе биде прекрасно место за одмор на сите жители од тој дел на градот.
„Со целокупното уредување на училиштето како на ентериерот така на екстериерот изградбата на спортската сала остана неуреден само училишниот двор. Но, за рекордно време благодарение на локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ се уреди и ова место. Се изгради долга бекатонска патека, земјиштето околу патеката се посеа со зелена трева, се поставија клупи и имаме прекрасно уреден парк во кој одмор ќе најдат учениците, наставниците, но и жителите на населбата Тризла“, рече Виолета Лашкоска, директор на ОУ „Добре Јованоски“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

