Свет
Можна поголема прогноза на растот на германскиот БДП

Германската централна банка Bundesbank би можела да ги покачи овогодишните прогнози на растот, истакнувајќи ја силата на германската економија на крајот на минатата година во најновиот месечен билтен.
Германската економија, најголема во еврозоната, во четвртиот квартал порасна 0,7 отсто во споредба со истиот период во 2013 година, што е повеќе од очекуваното, покажаа најновите податоци минимизирајќи ги така размерите на забавувањето во претходните квартали.
Од тоа произлегува дека растот на германскиот бруто домашен производ(БДП) во целата мината година изнесуваше 1,6 отсто, пренесува SEEbiz.
Во најновиот месечен извештај економистите од Bundesbank како главна движечка сила на засиленото темпо на економски активности ја издвојуваат личната потрошувачка, поддржана од рекордно ниската невработеност и падот на цените на енергенсите. И слабото евро им одеше во прилог на германските извозници.
„Во контекст на оптимистичките очекувања во врска со доходот, зголемената куповна моќ и силната доверба на потрошувачите, потрошувачката на домаќинствата засега игра улога на главна придвижувачка сила на закрепнувањето“, се наведува во извештајот.
Дополнителна поддршка на економијата ќе и даде и значителниот пад на курсот на еврото во однос на доларот, што ќе ги подобри шансите за извоз во земјите надвор од еврозоната.
„Имајќи го предвид генерално подобрената ситуација на економијата, можно е растот во текот на годината да биде значително повисок од она што беше почетно прогнозирано минатата есен“, се вели во извештајот.
На почетокот на декември Bundesbank ги преполови прогнозите за раст за оваа година, на еден отсто, а благо ја намали и прогнозата за наредната година од 1,8 на 1,6 отсто. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.